Неколку спортови и рекреативни активности кој помагаат при согорувањето на калориите

Секој сака да согори повеќе калории за пократок временски период, еве неколку активности кој согоруваат поголем број на калории.

1.Трчање Согорува околу 450 калории за 30 минути активно трчање, трчањето исто така е фантастичен кардиореспираторен тренинг.Силата на нозете и издржливоста се зголемуваат, но малкумина имаат значаен придонес на горниот дел од телото. Пред да трчате загрејте се убаво,носете соодветни спортски обувки и задржите умерено темпо за да се избегнат несаканите повреди. 

2. Пливање Пливањето ви нуди одлично вежбање на целото тело,согорува до 360 калории за половина час,во зависност на јачината на савеслаите.Меѓутоа, на повеќето луѓе им е тешко да пливаат непрекинато без паузи, затоа најсоодветно е да испливате две должини,направет емала пауза и продолжете повторно.

3.Возењето Велосипед Велосипедизмоте е спорт каде тежината од нашето тело не ни е дополнителен товар. Во зависност од брзината се согорува околу 300 или 400 калории за половина час активно возење. Велосипедизмот е одличен кардио тренинг, и одлично ги зацврстува мускулите на подколеницата. Но не добивате никаков бенефит на горниот дел од телото.

4.Бокс Доколку саката да се бавите со овој спорт за половина час ќе согорите околу 320 калории. Како бенефит ќе ви се подобри вашиот кардиоваскуларен систем,ќе ви се зацврстат мускулите на горниот дел од телото и издржливоста ке се искачи на високо ниво.

5. Кајакарство Е прекрасен спорт кој се изведува во природа а согорува околу 170 калории за 30 минути. Веслањето е одличен начин за да се ослободите од вишокот енергија. Исто така ја подобрувате силата и издржливоста на мускулите од раменскиот појас,рацете и стомакот.

6. Тенис Еве една забавна игра која бара брзина, агилност, сила и брза реакција. Се троши околу 250 до 300 калории за половина час , ова е одлична можност да го согорите вишокот на калории, и го подобрува кардиореспираторниот систем. Носете соодветни обувки за да избегне повреди на глуждот.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.