Банани и ориз после напорен тренинг

Јадењето на здрава и добро балансирана исхрана е една од основите за добар и активен начин на живот. Сепак, професионалните спортисти и оние кои редовно тренираат напорно имаат дополнителни потреби. Нивната севкупна потреба за калории е повисока поради поголемото ниво на активност.

Храната која се препорачува за пред тренингот се разликува од онаа која се консумира после тренингот. Бананите и оризот, на пример, се подобро прилагодени за после тренинг.

oriz

Ефекти за време на тренингот

Сериозниот и напорен тренинг, предизвикува голема побарувачка од енергетските резерви на организмот. Напорениот тренинг исто така, прави мали оштетувања на мускулите, кој придонесуваат за мускулен раст како спореден процес при закрепнувањето. Напорниот тренинг, исто така согорува значителен број на калории, и уште поважно е тоа што ги исцрпува гликогенските резерви од мускулното ткиво. Гликогенот е природен јаглехидрати кој се лачи во организмот, кој обезбедува брзо енергија во моментот на потребата. Напорниот тренинг, откако ќе ги  потроши резервите на гликоген, предизвикува, вашиот систем да започне да црпи енергија од телесните масти за да ги исполни своите енергетски потреби.

Обновување на гликогенот

Веднаш по тренингот, прв приоритет на вашиот организам е да ги надополни потрошените резерви на гориво, за да  може да бидат подготвени за било какви понатамошни активности. Јаглехидрати кои предизвикуваат брз пораст на шеќерот во крвта се идеални за обновување  на гликогенот. Избегнувајте производи со висока содржина на растителни влакна или високо ниво на масти, порад то што бавно се преработува храната во дигестивниот систем и  го зголемува подемот на шеќерот во крвта.

Банани и Ориз

Бананите и оризот се два типа на храна кој обезбедуваат здрави јаглехидрати со релативно висок гликемиски индекс. Потполно бели и  долги зрна ориз има гликемиски индекс од 64, што е една од највисоките меѓу зрнестата храна, според Медицинскиот факултет Харвард. Бананите имаат гликемиски индекс од 54, што е еден од највисоките меѓу свежото овошје. Јадете ориз и банана во рок од 30 минути по крајот на тренингот, за да ви помогнат да го вратите нивото на гликоген во вашиот организам.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.