Безалкохолно пиво

Безалкохолното пиво е добар избор за оние кои не можат или не сакаат да пијат, но сепак го обожаваат вкусот на пивото. Кога станува збор за губење на тежината, безалкохолното пиво не е нужно многу подобро отколку алкохолното пиво.

Безалкохолното пиво има пониска содржина на калории од алкохолното  пиво. На пример, 100 мл. пиво содржат околу 40-50 калории,а безалкохолното пиво содржи околу 15 калории на 100 мл. Безалкохолното пиво содржи јаглехидрати. Износот варира меѓу брендовите. На пример, Beck's Light безалкохолното пиво има 3.9 g на јагленохидратите во 330 мл шише, додека брендот Coors има 13,6 g во 330 мл шише.

Безалкохолното пиво не содржи шеќери и масти, но не содржи ни некои посебно значителни хранливи материи: нема витамини, нема  минерали и нема растителни влакна.Шише безалкохолно пиво содржи околу 0,7 g на протеини.

Безалкохолните пива не се 100 отсто без алкохол. Во зависност од брендот, тие содржат помеѓу 0,05 и 0,7 отсто алкохол.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.