Егото е Вашиот непријател – научете да управувате со него!

Фокусирајќи се на нашата сила се чувствуваме сигурни а тоа е пат до помал отпор, додека фокусирајќи се на нашата слабост ќе доведе до големи важни промени во нашата физичка подготвеност.

Оваа статија ќе ви помогне да развиете подлабоко разбирање за важноста на фокусирањето на Вашите слабости и ќе Ви покаже чекор по чекор како да го постигнете тоа.

  1. Оставете го Вашето его дома

Прв и главен чекор пред вреднувањето и пронаоѓањето на Вашите слабости е тоа да го оставите Вашето его дома.

Често се одлучуваме за одредена вежба базирајќи се на тоа што ќе помислат другите. Во совршениот свет би можеле да си избереме вежба која ќе ги задоволи нашите цели и исто така би ни помогнала да го подобриме нивото на физичката подготвеност. Воопшто не е важно да ги импресионираме другите правејќи ги вежбите во кои сме најдобри, повторно и повторно..

Најголемата грешка е обидот да подигнете преголем терет само за да ги импресионирате другите. Тоа е рецепт за повреди. Доколку навистина сакате да го постигнете Вашиот потенцијал, оставете го Вашето его дома.

  1. Пронајдете ја вашата слабост

Многумина вежбањето го поврзуваат со сила. Но вистината е дека силата е само една од десетте компоненти на физичката подготвеност:

Ø  Телото

Ø  Сила

Ø  Кардиоваскуларна подготвеност

Ø  Флексибилност

Ø  Мускулна издржливост

Ø  Агилност (подвижност)

Ø  Баланс

Ø  Координација

Ø  Моќ

Ø  Брзина

Фокусирајте се на првите 5 (пет) компоненти од листата, потоа одете понатаму. Генерално гледано еве листа со вообичаени слабости кои би требало да ги разгледате:

За машки:

  • Држење/флексибилност. Внатрешно свртени рамена се едни од честите проблеми при држење на телото кои се причина на слаба флексибилност и живот поминат во седење.
  • Вежби за грбот. Машките имаат тенденција многу да прават склекови и вежби за рацете притоа заборавајќи ја втората најголема група на мускули – грбот.
  • Вежби за нозете. Најголемата група на мускули во нашето тело е во нашите нозе и би требало да вложиме повеќе време во вежби наменети за нозете. Но вистината е дека машките малку ги користат овие вежби.
  • Мускулна издржливост. Доколку ги завршувате вашите вежби со 6 – 10 повторувања во серија, пробајте да одите до 15 повторувања за зголемување на мускулната издржливост.

За девојки:

  • Сила. Воглавно вежбите за издржливост. Најдобри се комбинираните вежби.
  • Намалете ги најтешките вежби.

Доколку вашата најтешка вежба е дигање тег на рамна клупа во  5 (пет) сета два пати неделно, пробајте да ја намалите на еднаш неделно заменувајќи ја со вежба со преса потисок со тегови или работете на вашата мускулна издржливост со правење на плиометриски склекови. Доколку сте силен во нешто нема потреба многу често вежбање за одржување на кондицијата.

  1. Одберете една слабост која би ја подобриле.

Иако можеби имате повеќе слабости, почнете да работите на една одредена, можеби за најголемата. Можете да си одредите примарна или секундарна слабост како цел во наредните 2 (два) до 3 (три) месеци.

Внимавајте вашите примарни и секундарни цели да бидат синхронизирани а не спротивставени. На пример доколку вашиот акцент е губење на тежината или зголемување на силата како секундарна слабост би можеле да изберете подобрување на флексибилноста. Доколку ваша примарна цел е зголемување на силата, би било тешко да работиш на мускулната издржливост како слабост.

  1. Повторување.

Можете да ги повторувате овие процеси колку што сакате како би си ги подобриле физичките способности.

Сега сте спремни да бидете менаџер на вашите слабости, да ги подобрувате вашите слабости како би  ги подобриле главните способности и активности, како би го постигнале Вашиот целосен потенцијал.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.