Искомплексирани и фрустрирани луѓе

Често го слушаме изразот „ти си искомплексирана/исфрустрирана личност“. Доколку пробаме да дознаеме што луѓето навистина знаат за комплексот искажан во вид на репресија, ќе видиме дека концептот е нејасно (слабо) објаснет, тежок за лоцирање и интерпретирање. Повеќето луѓе одговараат прашувајќи: да не е нешто од детството? Да не е нешто интимно?; или најчесто комплексите се редуцирани на едно нешто: комплекс на пониска вредност.

Што се комплексите и кога се создаваат?

Карактерот на комплексите може да биде опишан како: несвесна тенденција која управува со човековиот однос, соништата и слично. Тоа е систем на поврзување, емоционално изразени идеи, чувства, мемории кои вообичаено се репресирани и потоа раснат до ненормално и патолошко однесување.

Психоаналитичарите ја објаснуваат идејата за комплексот како едноставно однесување, вклучувајќи ги личниот карактер, желбите, емоциите, досегашното искуство, спротивставени емоционални однесувања, секогаш несвесно, кои се главни делови од една личност.

Кога се создава комплексот на пониска вредност?

Повеќето психолози тврдат дека тој се создава во првите 25 години од животот, и дека тоа не е, буквално кажано, болест. Вистина е дека постојат случаи кои не се опоравиле со текот на времето што довело до нарушување на нивниот карактер/личност, не само за време на детството туку и во подоцнежните години.

Било кој значаен момент во животот, било тоа да е во детството, тинејџерството, или адолесценцијата, може да биде причина за формирање на комплекс на ниска вредност или фрустрација.

Психолошки комплекси – ефектите во социјалниот живот

Откако ќе се појави, комплексот на личноста останува фиксиран во умот и душата на личноста, при што истите се однесуваат деструктивно во секоја ситуација слична на таа што го поттикнала создавањето на комплексот.

Однесувањето и карактерот се оформуваат одделно во однос на фрустрирачката ситуација и овие комплексни однесувања се инфилтрираат менталното однесување на личноста. Почнувајќи од почетоците на фрустрацијата (случката која довела до таа состојба), комплексот може да се развие по неколку години, предизвикувајќи претерани реакции или напади кон луѓето кои таа личност ги перципира како ривали.

Како да разликувате комплекс од фрустрација?

Средбите помеѓу луѓето често се вистинско „бојно поле“ за доминација, покорување на соперникот, за освојување на „територии“ изгубени пред многу години. Сето тоа е во генот на луѓето. Важна работа е тоа што ние не знаеме кога и зошто сме се вовлекле во оваа игра на моќ или успех, контролирано од нашите несвесни импулси. „Победник“ е вообичаено најсилниот, најизбалансираниот, кој не се сретнал со трауматични/иритирачки ситуации во животот или не се чувствувал фрустрирано во групата или општеството. Некако победен/а од сопствените емоционални реакции кон одреден фактор, комплексната личност се наоѓа помеѓу два спротивни екстреми од неговата/нејзината комплексна структура: силната желба да направи нешто, да преземе нешто, да биде успешен/на, помешано со страв или фрустрација за една иста работа или настан. Одбранбените реакции, како комплетна „парализа’ во некои ситуации, се знаци за длабок коренит комплекс. Фактот дека не сме во можност да објасниме што правиме во одредена ситуација е друг силен индикатор за комплексот.

Индикатор за комплекс на инфериорност (комплекс на пониска вредност)

Докази и карактер на психолошкиот комплекс:

–          Кога се обземени од емоциите

–          Кога потиснуваат одредена емоција, при што тие се помалку чувствителни или свесни

–          Кога критикувањето е на високо ниво, особено критиките и љубомората кон другите луѓе

–          Кога имаат силно неадекватно чувство

–          Кога се обземени со неиздржлив импулс

–          Кога не ги прифаќа охрабрувањата на другите

–          Кога зборува или реагира бурно, или спротивно, кога не е способен да ги негира нашите мисли и верувања

–          Кога се однесуваат тврдоглаво на туѓите видувања.

Комплексот на инфериорност го блокира природното и нормално однесување, ја попречува перцепцијата за реалноста, го попречува меѓу-човековиот однос, создавајќи незадоволство и внатрешна болка.

Лечење на комплексот на инфериорност (комплекс на пониска вредност) – ослободување од фрустрациите

Луѓето се слаби (некои повеќе а некои помалку) кога се работи за комплексите, но емоционален шок може да го доведе комплексот до ниво на сознание и на тој начин да ја промени свеста за 180 степени. Личните комплекси не се секогаш негативни и не го уништуваат нашиот живот, доколку ги идентифицираме и прифатиме. Но вообичаена реакција на луѓето кога ќе треба да ги пронајдат своите комплекси е истите да ги сокријат. Доколку се знаеме подобро самите себе, за да бидеме комплетна личност, мораме да ги пронајдеме почетоците и намерата на комплексот на инфериорност, па дури и доколку тоа доведе до моментална болка. Решението е да се биде, целосно или барем делумно, свесен за комплексот, пребродувајќи ја непријатноста и фрустрацијата поради која се создал комплексот.

Многу е важно да се разбере дека психолошките комплекси кои не одредуваат како личност, се дел од нашиот идентитет и од нашата ранливост, без која ние не би биле луѓе.

Како да се справите со личниот комплекс и да го спречите.

–          Да бидете способни да ги живеете силните емоции и иритирачките ситуации, без разлика на тоа колку истите се непријатни;

–          Да ги анализирате и менувате Вашите мисли и емоции додека тие не доведат до други и различни мисли, чувства и слично;

–          Секогаш прашувајте се: „Што е ова?; Што тоа има врска со мене?; Зошто сум јас инволвиран во тоа?“;

–          За даден момент, пробајте да ги визуализирате сликите во вашиот ум и прашајте се дали тие навистина ја опишуваат вашата внатрешна состојба;

–          Замислете си како би било кога би ги снемало вознемирувачките емоции и фрустрации? „Како би се променил Вашиот живот, дали би добиле или би изгубиле нешто?“

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.