Истражете ја вашата вистинска природа

Човечкото тело е создадено да се движи. Движењето е суштината поради која  ние сме живи. Доколку го занемарите вашето движење и не го користите доволно во вашето секојдневие, тоа ќе ве напушти многу побрзо отколку што очекувате.

Бидете свесни за вашето движење, започнете да го користите вашето тело, тренирајте и забавувајте се преку изучување на природата, тоа ќе ве направи многу посилни и поздрави…

Во природата се среќаваме многу елементи на движење: Одење, Трчање, Качување, Скокање, Фрлање, Влечење, туркање итн. Сите овие елементи на движење, ве прават да бидете  посилни, постабилни, да бидете свесни за вашето постоење или едноставно овие движења прават повторно да ја почуствувате животната енергија – ВАШИОТ ЖИВОТ.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.