Како пиењето кафе може да го подобри вашето здравје?

Како и виното, чоколадото и пуканките така и кафето се приклучи кон листата невообичаена храна со здравствени бенефиции. Според едно 13 годишно истражување од страна на Националниот Институт за рак на САДј во „Нова Англија весник на медицината“, е заклучено дека луѓето кои често пијат кафе имаат намален ризик од рана смрт за дури 16%.

Еве 10 области каде пиењето кафе би можело да помогне – ако ги лимитираме кремот и шеќерот.

1. Превенција од камен во жолчка

Истражувањето спроведено од Хардвард во 2002 покажало дека жените кои пијат најмалку 4 (четири) кафиња на ден имаат и до 25% намален ризик од добивање на камен во жолчката. Претходно истражување покажало слични резултати и кај мажите.

2. Превенција од депресија

Жените кои пијат 2 (две) или 3 (три) чаши кафе на ден имаат до 15% помали шанси да добијат депресија, додека кај оние кои пијат 4 (четири) кафиња на ден шансите се намалуваат и до 20%.

3. Подобрување на меморијата

Кафето помага при долгорочната и краткорочната меморија. Интересно е тоа што студија направена во 2007 покажала дека жените (но не и мажите) на возраст од 65 и повеќе години кои пијат повеќе од 3 (три) кафиња на ден покажале подобри резултати на мемориските тестирања отколку оние кои пијат само 1 (една) чаша дневно.

4. Намален ризик од дијабетес

Студиите покажале дека луѓето кои консумираат кафе имаат помали шанси за заболат од дијабетес од Тип 2.

5. Намален ризик од рак

Употребата на кафе е врзана и со намален ризик од рак на дојка, простата и ракот на црн дроб. Студија направена во Шведска во 2008 покажува дека пиењето најмалку 2 (две) до 3 (три) чаши кафе на ден го намалува ризикот или го одложуваат стартот на рак на дојката. Но немаат само жените бенефис од кафето. Скорешна студија спроведена од страна на школото Харвард за јавно здравје покажа дека пиењето кафе (обично и безкофеинско) резултира со намален ризик на рак на простата.

6. Подобрување на метаболизмот

Кафето би можело да ви помогне во одржување на вашата тежина или дури и да ослабите. Студија од 1980 година покажала дека кофеинот во кафето го стимулира метаболизмот, но само кај „нормалните“, за разлика од подебелите субјекти, мастите повеќе оксидирале.

7. Намален ризик од заболување од Паркинсонова болест

Студија од 2010 покажала дека пиењето 2 (две) до 3 (три) шолји кафе на ден ја намалува можноста од заболување на Паркинсонова болест и до 25%.

8. Антиоксидирачки својства

Едвард Гиованучи, истражувач од Харвард, забележал дека кафето има повеќе антиоксиданси отколку повеќето овошја и зеленчуци. Студија од 2005 година покажала дека кафето е број 1 извор на антиоксиданси во американската исхрана.

9. Бенефиции

Во повеќе студии е докажано дека кафето и кофеинот во него ја зголемуваат издржливоста и краткорочните перформанси. Исто така  може да им помогне на спортистите да покажат подобри резултати при тренинзите доколку се зема еден час пред вежбањето и тоа 4мг на секој килограм телесна тежина.

10. Превенција од болка во зглобовите

Студија од 2007 кај луѓе над 40 години покажала поврзаност на долгорочно консумирање кафе со намалениот ризик од болка во зглобовите.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.