Како работат мускулите?

Можеби мислиш дека си мускулест тип, но погледни го барем лицето во огледало, таму имаш премногу мускули. Мускулите на остатокот одтелото се прикачени на коските, но на лицето има такви кои се прикачени под кожата. Ова овозможува дури и при најмала контракција да предизвикаш неколку гримаси. Човечкото тело е составено од околу 600 мускули.

 

Мускулите мораме да ги сватиме многу сериозно, бидејќи тие се одговорни за 2 важни причини:

 

Мускулите се мотори кои твоето тело ги користи да се движи самото. Иако работат поразлино од автомобилски мотор и електро мотор, имаа иста функција, ја претвораат енергијата во движење.

Би било невозможно да правиме било што без мускули. Апсолутно се што посакува мозокот е извршено со мускулатурно движење. Единствениот начин да изразиш идеја е со мскулите од грлото, устата и јазикот, со мускулите на прстите (кога пишуваш зборовиш или кога објаснуваш, "зборуваш" со рацете) или со скелетните мускули (говор на телото, танцување, трчање, вежбање и друго).

Мускулите се неверојатно софистицирани. Ефикасни се во претворањето на енергијата во движења, траат многу долго, сами се лечат и заздравуваат и можат да пораснат поголеми со вежбање. 

Кога на повеќето луѓе ќе им спомнеш "мускул", тие мислат дека се работи само за тие што можат да се видат, како на пример бицепсот на раката, но постојат 3 уникатни видови на мускули.

 

СКЕЛЕТНИ МУСКУЛИ (напречно-пругасти)

Ова се оние мускули кои што можеме да ги видиме, допреме и почуствуваме. Кога бодибилдерот вежба за да ја зголеми мускулната маса, тој ги вежба токму скелетните мускули. Скелетните мускули се поврзани за скелетот во пар — еден мускул ја мрда коската во една насока, а другиот во спротвна насока. Овие мускули најчесто се згрчуваат (контрахираат) доброволно, односно мислиш на контракцијата и твојот нервен систем им  кажува да го направат движењето. Тие можат да направат згрчување односно кратка контракција, или издолжување, односно долга контракција.

 

МАЗНИ МУСКУЛИ

Овие мускули се наоѓаат во дигестивниот систем, крвните садови, дишните патишта, моќниот меур, а кај жената во матката. Мазните мускули имаат способност да се изтегнуваат и да поднесуваат оптоварување подолг временски период. Контрахираат ненамерно, односно не треба да мислиш на движењето бидејќи нервниот систем ги контролира автоматски. На пример цревата во стомакот си ја работат работата со храната цел ден, а ти немаш претстава како се случува тоа.

 

СРЦЕВ МУСКУЛ

Се наоѓа само во срцето, а огромни и главни особини му се издржливоста и постојаноста. Овој мускул е комбиниран од претходните два, бидејќи се истегнува на ограничен начин како мазните мускули, а се контрахира со силата на скелетните мускули. Ова е згрчувачки мускул и се контрахира ненамерно.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.