Клеточно дишење

Во рамките на метаболизмот во живите организми, клеточното дишење е процес во текот на кој се оксидираат молекулите од храната (на пример, глукозата се оксидира во јаглерод диоксид и вода). Енергијата која притоа се добива се заробува во високоенергетското соединение ATP и се користи за одвивање на сите активности во клетката за кои таа е потребна.

Клеточното дишење се нарекува и внатрешно дишење, за разлика од надворешното дишење кое претставува размена на кислородот и јаглеродниот диоксид меѓу алвеолите (од белите дробови) и надворешната средина (атмосферата). Кислородот, преку хемоглобинот од крвта се пренесува до сите клетки од телото, по што во нив настанува клеточното дишење. Исто така, и ресорбираните хранливи материи од дигестивниот систем во вид на мономери се пренесуваат преку крвта до клетките.

Клеточното дишење се случува во две фази:

  • Гликолиза, разградба на глукозата до пируват
  • Целосна оксидација на пируватот до јаглероден диоксид и вода

Кај еукариотните организми, гликолизата се одвива во цитоплазмата. Останатите процеси од клеточното дишење се одвиваат во митохондриите.

Цел на клеточното дишење

Целта на клеточното дишење е да ги собира електроните од органските соединенија како што е глукозата и притоа добиената енергија да ја инкорпорира во АТР. За возврат, АТР се користи да овозможи енергија за работата на клетката. АТР може да се претстави како мал пакет на енергија кој има точна количина на енергија која може да се користи за одредена клеточна активност.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.