Кои мускулни групи работат при изведување на мртви поткревања?

Мртвото поткревање е вежба за сила која опфаќа неколку мускулни групи одеднаш, вклучувајќи ги вашиот грб, задникот и нозете. Оваа вежба е една од малиот број на вежби кои ги опфаќаат мускулите во горниот и долниот дел од телото. Изведувањето на мртвите поткревања со добра и правилна механичка форма е императив да се намали ризикот од повреди, особено на кичмата (долниот дел од грбот).

Механичка форма на движењето
Мртвото поткревање  обично се изведува со долга шипка, но исто така може да се изведи и со еднорачни тегови. Поставете ја долгата шипка  на подот напред над вашите стапала, каде стапалата се поставени во ширина на вашите колкови. Клекнете и свиткајте ги колената и  фатете ја шипката со широк фат, во ширина на надворешниот дел од нозете. Не го виткајте вашиот грб во ниеден момент за време на изведување на вежбата; задржете го телото исправено. Притиснете преку вашите потпетици, за да се исправат вашите нозе и се движите до целосно исправена положб- позиција, со шипката во висина на предниот дел на надколеницата. Држете ја шипката блиску до вашето тело во текот на движење.

 

 

ГРБНИТЕ МУСКУЛИ

Еrector spinae, мускулите на долниот дел од грбот, се само некои од главните двигатели за време на изведување на оваа вежба. Овие три мускули  iliocastalis, longissimus и spinalis , се протегаат од близина на черепот, преку столбот на рбетот па све до долниот дел од  кичмата. Еrector spinae мускулите вршат неколку движења поврзани со торзото и вратот. Во текот на мртвото поткревање, овие мускули помогаат да се поткрене торзото, извлекувајќи го р'бетот назад се до исправена положба во стоење.

МУСКУЛИТЕ НА ЗАДНИКОТ

Мртвите поткревање, исто така, го вклучуваат и вашиот задник, мускулот gluteus maximus (најголемиот мускул на човечкото тело). Овој голем мускулсе протега дијагонално надолу од средината на вашето тело се до надворешниот дел  од  вашите бутови. Тој е прицврстен на вашата карлична коска на сакрумот на едниот крај и на бедрената Коска (бутната коска) на другиот крај. Gluteus maximus  мускулот е одговорен за исисправување на колковите.

МУСКУЛИТЕ НА НОЗЕТЕ

Мртвите поткревања ги вклучуваат quadriceps мускулите на предниот дел од  бутовите и hemstrings мускулите (најдолгиот мускул на човечкото тело) од задната страна на бутот. Сепак, задните мускули од бутот само дејствуваат како стабилизатори во текот на оваа вежба; но квадрицепсите мускули се основните двигатели.Овие мускули се одговорни за изправување на колената и за да ги задржат колената исправени во текот на изведувањето на мртвото поткревање.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.