Крвен притисок – разбирање и превенции

Крвниот притисок е најважната мерка за Вашето долгорочно здравје. На кратко крвниот притисок претставува мерка на сила со која крвта притиска врз крвните садови, со цел да ги пренесе хранливите состојки и кислородот низ телоро за да Ве одржи во живот. Многу е битно да се разбере крвниот притисок и на кој животен стил можете да се адаптирате за да го одржите во нормала.

 

Мерењата на крвниот притисок се изразени преку два броја, а броевите претставуваат:

  1. 1. Систолен или познат како голем (притисок кога срцето чука)
  2. 2. Дијастолен или познат како мал (притисок кога срцето е во мирување)

 

Категорија

Систолен , mmHg

Дијастолен, mmHg

Низок притисок<90< или 60
Нормален90 – 11960 – 79
Пред Хипертензија120 – 13980 – 89
Хипертензија 1140 – 15990 – 99
Хипертензија 2> или 160> или 100

Табела на определување на состојбана на притисокот кај возрасен човек

Ризик од хипертензија – висок крвен притисок

Во Македонија 1/4 од населението страда од висок крвен притисок, а загрижувачки е фактот што се повеќе млади го имаат. Се случило ли некогаш да Ве боли сосема здрав заб? Тоа е последица на моментален висок крвен притисок, но во повеќето случаи е тивок убиец и многумина незнаат дека го имаат.

Високиот притисок предизвикува оштетување на крвните садови, а поправката на штетата не е никогаш совршена и постои голем потенцијал да дојде до ново запушување. Ова се нарекува Артеросклероза, а води кон срцеви и мозочни удари, оштетувања на црниот дроб и бубрезите, како и артериска неуризма.

Што можам да направам за да го спречам?

Секој во денот може да одвои 20 – 30 минути за лесни вежби, а со тоа би си помогнале себеси во контролирање и намалување на вишокот килограми.

Храна која треба да се избегнува: рафинирани шеќери (бел шеќер), кофеин, алкохол, цигари и сол.

Да се зголеми внесувањето овошје и зеленчук како и храна која содржи влакна кои ги чистат крвните садови од масни наслаги. Пробајте да го намалите секојдневниот стрес и вметнете ги активностите како прошетка и медитација.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.