Медитација и здравје

Медитацијата опфаќа и физичка и ментална релаксација, која ретко кој ја доживува и за време на спиење. Следствено на ова, таа носи одлично здравје и може да ублажи и излечи многу врсти на болести.

Долго време се сметало дека физичката болест нема ментална подлога и обратно. Дури неодамна е откриена поврзаноста помеѓу физичката и менталната свера. Тие се навистина една целина. На пример, физичката реакција сигурно ке произведе и ментална реакција и обратно. Кога говориме за некоја болест мораме да ја посматраме и од аспект на телото и од аспект на умот.

Медитацијата делува холистички, целосен третман на болеста. Таа лекува поцелосно во однос на методот  од лечење со лекови, кои имаат за цел да излечат еден орган, кои пак имаат непредвидливи негативни последици на други делови на телото.

Медитацијата го препушта третманот на самиот болесник. Пациентот ке биде во состојба да стекне поголема моќ над своето здравје за да ја отстрани болеста. Со медитација може умот да се научи  како да ја излечи болеста но, прво треба да се знае како се медитира за да се постигне поголема контрола над умот и телото.

Кога човекот ќе стане свесен за својот внатрешен процес во умот и телото, тој ќе може да ја усмери внатрешната енерѓија таму каде што е заболен органот.

 

Физиолошки ефекти од медитација

Медитацијата е најмоќниот начин за контрола на физиолошкиот процес, а исто така и за контрола на физиолошките реакции на психолошките делувања.

Една од најосновните промени во телото кои се случуваат за време на медитација е успорување на метаболизмот, брзината на разградување и изградување на телото, затоа што доаѓа до смалување на внесот на кислородот и исфрлување на јаглерод диоксид. Експериментално е докажано дека доаѓа до 20 % смалување на кислородот, како резултат на смирување на дишењето. Смалувањето на брзината на метаболизмот настанува како резултат на контрола на неволниот нервен систем кој човекот го развива по пат на медитација.

Медитацијата има влијание на крвниот притисок, кој паѓа многу пониско испод нормалата и за време и после медитација, затоа медитацијата посебно се препорачува на оние со висок крвен притисок. Исто така се намалува и пулсот на срцето за неколку отчукувања во минута. Има уште една интересна појава во однос на крвниот систем, се подобрува циркулацијата на крвта за време на медитација. Како се случува ова: за време на медитација активноста на симпатичкиот нервен систем е смалена, а со тоа автоматски се смалува притисокот на крвните садови, (кој во спротивно ѓи стеснува) и на тој начин го ослободува протокот на крвта. Овој појачан проток на крвта многу му користи на медитантот, зошто: ако го погледнеме производството на млечната киселина во мускулите, која всушност настанува кога нема слободен (доволно) кислород, за време на интезивни активности, кога мускулите имаат голем напор се појавува недостаток на енергија,  мускулите бараат многу повеќе енергија одошто дотокот на кислород може да му овозможи. Млечната киселина се ствара за да се овозможи додатна енерѓија.. Во медитација слободниот проток на крвта овозможува поефикасно снабдување на кислород во мускулите и на тој начин млечната киселина се разградува. За време на одмор, млечната киселина се разградува во други супстанци, бидејки кислородот тогаш е доволен.

Создавањето на млечната киселина е стимулирано од симпатичкиот нервен систем, со успорување на овој систем за време на медитација автомтски се смалува производството на млечната киселина.

 

Зошто е ова толку важно?

Затоа што медицинските испитувања докажале дека особи кои патат од анксиозност, неуроза и тензија имаат поголемо ниво на млечни киселини во телото од оние кои редовно медитираат.

Медитацијата е совршен метод за смалување на нивоата на млечните киселини, а со самото тоа и крвниот притисок и симтомите на сите видови на анксиозности. Медитацијата ѓи лечи овие болести така што го отклонува коренот на причината на заболувањето, а не само симтомите.

 

Какви се овие физиолошки промени во споредба со други релаксации, као што се сонот и хипнозата???

Во Хипнозата постои многу мала или никаква промена на метаболизмот, а во сон физиолошките промени се случуваат дури после неколку часа. Во медитација односот на кислородот и јаглеродиоксидот во крвта (не количински) останува костантен. За време на спиење постои приметно зголемување на јаглеродиоксид во крвта.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.