Очила за Сонце за добар вид

Иако очилата за сонце примарно се моден додаток, нивнаа поважна функција е да го заштита и одржат здравиот вид од опасноста на штетните УВ сончеви зраци. Затоа изборот на соодветни очила за сонце е многу важен. Ултравиолетовите зраци создаваат ризик за развивање на катаракта, па дури и рак на окото.

Ултравиолетовата светлина е форма на радиација која ги уништива и оштетува клетките. Оштетувањето од УВ зраци е комулативно, што значи се собира подолго време и затоа заштитата мора да биде постојана во текот на целиот живот. Оваа особина е опасна бидејќи проблемите се појавуваат подоцна во животот.

Младите се изложени на поголем ризик. Постарите лица имаат помали зеници од младите, па затоа младите очи примаат поголемо количество на светлина, па затоа кога сте надвор задолжително носете очила за сонце. Одберете очила со УВ заштита бидејќи леќите со УВ заштита ја штита внатрешноста на очите.

 

СОВЕТИ ЗА ИЗБОР НА ЕФЕКТИВНИ ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ

►Одберете очила кои одбиваат 99-10% од УВА и УВБ зраците.

►Не одбирајте очила според бојата или затемненоста на стаклата.

►Поголеми се подобри бидејќи држат сенка и нудат странична заштита на окото. Зраците на сонцето не доаѓаат само од напред, тие се одбиваат од целата околина, а особено од снег и вода.

►Ако нонстоп возите кола или чамец одберете поларизирани леќи, бидејќи се ефективни во намалување на одблесокот.

►Цената не е показател за квалитетот на очилата.

 

ЧЕКОРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЗДРАВ ВИД

►Секогаш носете очила кога сте надвор. Ова е особено важно во часовите кога сонцето е "најсилно". Од 10 наутро до 2 попладне зраците имаат најголема јачина. Многу е важно да носите очила за сонце кога сте на поголема надморска височина (1000 мнв и повеќе), на такви места УВ зраците се јаки во текот на целиот ден.

►Носете очила дури и кога е облачно. Сончевите зраци и радијацијата се пробиваат дури и низ облаци и магла.

►Капа со натстрешница исто така помага да се блокираат дирекните сочеви зраци од контакт со очите, но не и рефлектираните.

Носете очила во текот на целата година. Очите можат да Ви бидат оштетени во текот на сите годишни времиња, не само во лето. Ви треба истата заштита како во Август на вода, така и во Јанурари на скиање.

►Друга придобивка од носењето очила на сонце е тоа што ја штити кожата околу очите. Кожата на тој дел е многу тенка и сонцето може лесно да ја оштети и собере.

►Носењето очила кои овозможуваат добра заштита Ви овозможува да уживате на сонцето без грижи.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.