Придобивките од атлетското тело

Придобивките од атлетското тело или од тренирањето воопшто, можат да бидат видливи во доста краток временски перод. Почнувате да го губите вишокот на масти, пулсот станува рамномерен, се подобрува работата на срцето, се намалува нивото на холестерол и подобрување на расположението.

Тренинзите помагаат и за оттргнување на некои лоши навики како што се: пушењето, алкохолизмот, наркотиците или прекумерното јадење.

Со редовен тренинг доаѓа и до видливо подобрување на психичките функции на една личност. Ќе почувствувате дека сте поконцентрирани, а и целиот мисловен процес се одвива подобро, отколку кај физички неактивните индивидуи. Мрзата, едноставно ќе исчезне од вашиот живот.


Уште во почетниот период може да се забележи дека губите вишок на масти. Можеби нема да изгубите многу од тежината, но ќе приметите дека масното ткиво почнува да преминува во мускул, а со самото тоа и дефинираност на мускулите.
Подобрување се приметува и во работата на срцето. Кај не тренираните индивидуи срцето е принудено да работи напорно на подолги периоди. Кај индивидуите кои тренираат, кога ќе дојде време за одмор, срцето нема потреба да работи напорно како предходно. Резултатот е поздраво срце.

Како што напредувате физички, крвта и кислородот протекуваат многу лесно низ срцето, мозокот и мускулите. Со самото тоа се олеснува нивната работа.
Со текот на тренирањето ќе имате помалку желба за пороци. Помалку ви се пуши, помалку алкохол, а и во јадењето ќе станете умерени. Со тек на време трнингот ќе стане вашата завист и ќе чувствувате потреба од него.

Набројаните подобрувања може да се постигнат со секаков вид на тренинг; со трчање, пливање, возење на велосипед, тренинзи со топка, боречки спотрови.

Ваше е да изберете.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.