ШТО Е ТОА ЕНЕРГЕТСКИ ГЕЛ?

Енергетскиот  гел е додаток во исхраната кои често се користи  од страна на спортистите кои тренираат издржливост  за време на тренинг или натпревар. Овие гелови се достапни во скоро сите спортски продавници за суплементации. Енергетските гелови се еден од најлесните начини за да може еден спортист да внесе  доволно јаглехидрати, или енергија, за време на вежбање.

СОСТАВ

Повеќето гелови содржат помеѓу 90 и 120 калории со околу 25 g јаглехидрати во едно пакување. Обично, геловите содржат гликоза во форма на малтодекстрин, но некои вклучуваат  и фруктоза кои содржат состојки како што се концентриран овошен сок и мед. Многу гелови содржат електролити и амино киселини. Некои гелови, исто така, вклучуваат и кофеин.

НАМЕНА

Доколку вашиот тренинг трае подолго од 90 минути, тогаш Ви треба екстра јаглехидрати за да можете да продолжите со вежбање. Затоа што вашето тело има резерви на гликоген во мускулите за да издржи само толку долго (прилично 90 минути). За време на вежбање, се согорува гликоген за енергија. Познатиот тренер по велосипедизам Крис Кармајкл препорачува конзумирање помеѓу 30 и 60 г јаглехидрати на час за време на продолжен тренинг. Маратонците, триатлетите и велосипедистите се спортисти кои најчесто  користат енергетски гелови.

ПРИДОБИВКИ

Енергетските гелови се лесен начин да се добие јаглехидрати за време на вежбање. Тие се лесни за носење, имаат компактна големина и брзо се варат во дигестивниот систем. Вие не морате да застанете или да џвакате за да се консумирааенергетски гел.

ПРЕПОРАКА

Мора да се консумираат енергетски гелови со вода за соодветна варење. Кармајкл препорачува конзумирање на најмалку 8 мл. на вода или спортски пијалок со енергетски гел за подобрување на вашата апсорпција на јаглехидрати. Мешањето гелови во вода е вообичаена практика што ги прави по вкусни и може да помогне да се осигурате дека ќе ја добиете потребната количина на течности. Десетици брендови на енергетски гелови постојат во повеќе вкусови, вклучувајќи ванила, чоколадо, овошје и кафе. . Геловите, исто така се разликуваат во составот, текстурата и вкусот. Експериментирајте со различни брендови за да пронајдете еден кој ќе Ви одговара за време на тренинг.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.