Супата ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина

Само со вклучување еден тањир супа на ден во вашата исхрана, може да ви помогне да ги намалите вишокот на килограми.

Здравствените експерти откриле дека додавањето на нискокалорична супа од заленчук на почетокот на оброкот, всушност може да ви помогне да ги намалите вишокот килограми. Затоа што, одкако ке ја изедете супата имате тенденција да се чувствувам целосна заситени,а со тоа ќе внесете ппомалку јадете од вашиот гавен оброк.

Овој режим на додавање супа во исхраната беше тестиран од страна на истражувачите на Државниот универзитет од Пенсилванија, предводен од д-р Барбара Ролс.

Тие откриле дека испитаниците кои јаделе супа пред ручекот, го намалиле вкупниот внес на калории за 20 проценти, во споредба со оние кои не го започнеле оброкот со супа.

Но, оние кои користат крем супи треба да внимаваат. Истражувачите истакнаа дека супата мора да биде нискокалорична и по можност врз основа на зеленчук, а не на крем.

Сите супи тестирани во студијата биле направени од идентични состојки – пилешко месо, брокула, компир, карфиол и морков.

Сите овие состојки се ставаат во блендер и со тоа се добива добро исецкана  супа.

Научниците порано мислеа дека супата со парчиња на зеленчук кои се потребни за џвакање може повеќе да не заситат, но на свое изненадување заклучија делка сите форми го  имаат истиот ефект.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.