Трикови за пронаоѓање на Вашиот животен баланс

Кога Вашиот живот е премногу комплициран и преокупиран, вообичаено има малку простор за навистина битните работи. И дефинитивно нема простор за позитивната енергија, личното постигнување, љубовта… Животот е прекраток за да се дозволи да помина во магла, па еве неколку работи кои можете да ги направите за да го избегнете притисокот на секојдневниот живот во надеж дека ќе можете да си направите по избалансиран начин на живот.

1. Здравјето пред се

Кога живееме брз живот, потребна е сета енергија, па хранете се здраво, пијте поголеми количини вода и бидете сигурни доволно да спиете. Доколку се чувствувате свежи и здрави, во подобра позиција сте за донесување на правилни одлуки за балансирање на Вашиот живот.

2. Најдете време за вежбање

Секој од нас мора да го реорганизира сопствениот живот и да повторно да направи реорганизација во приоритетите на нашите активност за да се направи простор за вежбање. Кога сте зафатени, одржувањето на сопствената физичка активност мора да биде на прво место. Вежбањето може да ви го даде потребното време за самите Вас, и сигурно е одличен начин на прочистување на умот, за ревитализирање на телото и ослободување од стресот од секојдневниот живот.

3. Одржување на врските

Најдете време за врската која ви е битна. Немојте да мислите дека врската ќе опстои без оглед на се. Добрите врски бараат грижа и одржување, па поминете квалитетно време со луѓето кои ги сакате, и почувствувајте ги бенефициите кои тие ги носат во Вашиот живот.

4. Најдете време за самите Вас

Одвојте најмалку половина час на ден само за Вас. Немојте да јадете во Вашата канцеларија. Наместо тоа прошетајте се во паркот, разгледајте некоја продавница за книги, или одете пешачете или пливајте. Не мора да е нешто што бара големи подготовки или е скапо, доволно е да е нешто во кое Вие ќе уживате. Се е во тоа да го смените сценариото на Вашиот живот, освежување на чувствата и правење нешто само за ВАС.

5. Научете да кажете „НЕ“

Фокусирајте се на Вашите приоритети, и бидете волни да кажете „не“ на се останато. На овој начин Вие ги идентификувате Вашите вредности и го подредувате животот околу тоа што е навистина важно за Вас. Доколку се трудите премногу и работите премногу, нема да бидете од корист на никого. И да бидеме реални, ниту компанијата нема да биде задоволна. Запомнете, ова е Ваш живот, и Вие го имате правото да  ја трошите енергијата и времето на фокусирање на работите кои се важни за ВАС.

Иако изгледаат очигледни, но овие упатства можат да послужат како едноставен потсетник во Вашиот живот кој ќе Ве охрабри да воспоставите здрав баланс помеѓу работата и животните обврски… нешто што секој од нас треба да го направи повремено. 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.