Цинкот и важноста за човекот

Цинкот е есенцијален минерал кој работи како полицаец, насочува и врши надзор на  протокот во организмот. Цинкот е клучен за клеточниот метаболизам бидејќи е активатор на околу 300 ензими и тоа игра улога во функцијата на имунолошкиот систем и често спречува настинка и грип. Без цинк нема синтеза на протеини, а околу 3000 видови протеини содржат цинкова група.

 
Забрзано ги  заздравува внатрешните и надворешните рани, а помага при синтезата на ДНК  и клеточната делба. Цинкот исто така поддржува нормален раст и развој во текот на бременоста, детството и адолесценцијата и е потребен во вистинската смисла на вкус и мирис бидејќи го има во плунката и слузот на носот и делува како рецептор.
 
Елиминира бели дамки на ноктите, помага при третманот со лекови за неплодност, помага да се спречат проблемите со растот и јасност во размислувањето. Значаен е за зачувување на видот.
Дневната доза на цинк мора да се одржува во стабилна состојба бидејќи телото нема каде да го складира цинкот.
НЕДОСТАТОК НА ЦИНК
 
Недостаток на цинк се карактеризира со намален растот, губење на апетитот, и оштетена функција на имунолошкиот систем. Во потешки случаи, недостаток на цинк предизвикува губење на косата, дијареа, одложено сексуалното созревање, импотенција и хипогонадизам кај машките.
 
Лекарите сметаат дека фактори на ризик се несоодветна исхрана, алкохолизам, и дигестивни болести.
 
Природни извори на цинк: говедско, јагнешко, пилешко и свинско месо, пченица, грав пивски квесец, семки од тиква, јајца, обезмастено млеко во прав, сенф. Највеќе го има во морската храна, а особено во школките.
 
Како додадок се препорачуваат не повеќе од  15 до 300 мг. Достапен  е во комбинација со витамин Ц, магнезиум и Б-комплекс. Не се препорачуваат дози над 150 mg. Личен совет:. Ако се големи количини на витамин Б6, неопходно е да се зема повеќе цинк, а оваа комбинација се користи и за успешно лекување на импотенција. Ако додадете цинк во својата исхрана, ќе се зголеми потребата на витаминот А. Цинкот најдобро работи со витамин А, калциум и фосфор.
ЦИНКОТ И СПОРТИСТИТЕ
 
Цинкот е основен елемент за формирање на хормоните, меѓу кои тестостеронот и хомонот за раст. Помага при забрзано заздравување на микроповредите во мускулите и лекување на воспалнието. Кај спортистите е важно да се одржи имуниот систем јак, бидејќи секоја болест придонесува да се пропушти значаен тренинг или натпревар.
 
Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.