Виагра за подобри спортски перформанси?

Виаграта е дизајнирана за зголемување на перформансите на поединец во одредено место, но може да има и други употреби. Факт е дека Виаграта најпрво е тестирана како лек за срцето.

 

ДАЛИ ГИ ПОДОБРУВА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СПОРТИСТИТЕ?

Најбитно е да се разбере како всушност делува Виаграта. Таа е вазодилататор, односно ги проширува крвните садови за да се зголеми протокот на крвта. Поради ова може да се јават и несакани последници како што се отекувањето на екстремитетите, бидејќи ги раширува крвните садови на целото тело.

Во теорија, тоа значи дека се зголемува капацитетот, а со тоа и способноста за подолго трчање и играње е зголемена. Но во пракса не е толку едноставно. Дејството на Виаграта трае само неколку саати и ефектите што ги нуди се само привремени. Иако се зголемува протокот на крвта, а со тоа и се носи повеќе кислород во мускулите, нема конкретни докази за значително зголемвуање на перформансите.

 

КОИ СПОРТИСТИ ИМААТ КОРИСТ ОД ВИАГРАТА?

Виаграта најмногу им помага на оние спортисти кои се баваат со спортови на големи височини како што се: планинарите, алпинистите, планинските велосипедисти и др. Овој тип на спортисти често се соочуваат со проблем предизвикан од големата надморска височина, а тоа е потиснување на главната артерија која ја носи крвта до белите дробови.

Како што артеријата се собира, така помалку кислород стигнува до телото и се појавуваа проблеми како што се кратко дишење, вртоглавица и изнемоштеност. Во место одалечено од цивилизацијата, Виаграта е добродојдена, иако помошта и придобивките од неа се само привремени.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.