mojtrener
|

Крвен притисок - разбирање и превенции

Објавено на: 14.02.2012

Крвниот притисок е најважната мерка за Вашето долгорочно здравје. На кратко крвниот притисок претставува мерка на сила со која крвта притиска врз крвните садови, со цел да ги пренесе хранливите состојки и кислородот низ телоро за да Ве одржи во живот. Многу е битно да се разбере крвниот притисок и на кој животен стил можете да се адаптирате за да го одржите во нормала.

 

Мерењата на крвниот притисок се изразени преку два броја, а броевите претставуваат:

  1. 1. Систолен или познат како голем (притисок кога срцето чука)

  2. 2. Дијастолен или познат како мал (притисок кога срцето е во мирување)

 

Категорија

Систолен , mmHg

Дијастолен, mmHg

Низок притисок <90 < или 60
Нормален 90 - 119 60 - 79
Пред Хипертензија 120 - 139 80 - 89
Хипертензија 1 140 - 159 90 - 99
Хипертензија 2 > или 160 > или 100

Табела на определување на состојбана на притисокот кај возрасен човек

 

Ризик од хипертензија - висок крвен притисок

Во Македонија 1/4 од населението страда од висок крвен притисок, а загрижувачки е фактот што се повеќе млади го имаат. Се случило ли некогаш да Ве боли сосема здрав заб? Тоа е последица на моментален висок крвен притисок, но во повеќето случаи е тивок убиец и многумина незнаат дека го имаат. 

Високиот притисок предизвикува оштетување на крвните садови, а поправката на штетата не е никогаш совршена и постои голем потенцијал да дојде до ново запушување. Ова се нарекува Артеросклероза, а води кон срцеви и мозочни удари, оштетувања на црниот дроб и бубрезите, како и артериска неуризма.

 

Што можам да направам за да го спречам?

Секој во денот може да одвои 20 - 30 минути за лесни вежби, а со тоа би си помогнале себеси во контролирање и намалување на вишокот килограми.

Храна која треба да се избегнува: рафинирани шеќери (бел шеќер), кофеин, алкохол, цигари и сол.

Да се зголеми внесувањето овошје и зеленчук како и храна која содржи влакна кои ги чистат крвните садови од масни наслаги. Пробајте да го намалите секојдневниот стрес и вметнете ги активностите како прошетка и медитација.

Напишано од

Дејан Каскаревски

Дејан Каскаревски студира "Исхрана и диететика" и е посветен на правилната исхрана и секојдневното вежбање со цел за поздрав животен стил. Слободното време го поминува во планинарење, фитнес и велосипедизам, а сака да им помогне на другите пренесувајќи го своето искуство со исхраната, мотивацијата и вежбањето."НАЈЛЕСНО Е ДА СЕ ОТКАЖЕШ" е реченица која го тера да издржи до крај.

Поврзани статии: Здравје

Коментари:


Нема коментари , биди прв што ќе искоментира.

Последни Коментари

Сања
Сања Топло го препорачувам видеото за сите оние кои сметаат дека е во ред да убиеш за да се најадеш! Во о...
пред 3 часa
Сања
Сања Јас сум година и половина веган, активенм спортист веќе 20 години, со врвно добра крвна слика и одли...
пред 4 часa
berudin_88@hotmail.com
berudin_88@hotmail.com berudin_88@hotmail.com
пред 2 денa
Mile
Mile Дали може да се земаат како шумечи таблети плус бедоксин?
на 2014-09-13 11:25:51
Marius
Marius Ocigledno ne sakas da napravis kompromis na ishranata, a jades gjubre. Znaes deka treba da vezbas, a...
на 2014-09-11 16:27:38

Последни Статии

10 неверојатни совети за подобра ДИЕТА

Појадокот е важен за здраво срце

Богатството е во лушпата

Млади и силни на 73 годишна возраст

Ослабете 5 килограми за 1 недела со употреба на ЦИМЕТ

Кликни Like

Поддржи не !
like us