mojtrener
|

Медитативни Техники за спортисти

Објавено на: 30.08.2012

Спортсата медитација се користи за да го изострите вашиот ментален капацитет за концентрација и јасност. Спортските медитативни техники се наменети за релаксирање на телото и умот, и придонесуваат за зголемување на способноста на спортистите да се фокусираат врз перформансите.


Ричард Дејвидсон, директорот на Лабораторијата за афективна неврологија на Универзитетот во Висконсин вели, “Вниманието е клучот за учењет, а медитацијата ви помага да го регулирате тоа”. Дејвидсон, исто така, соработувал со Далај Лама изучувајки го  мозокот на тибетските монаси.  Зголемената свест и вниманието што произлегуваат од медитативната пракса исто така е клучот за спортските перформанси.

 

Медитација – техника со дишење

Седнете во тивка и комотна позиција на место каде што никој нема да го наруши вашето внимание и вашата смиреност. Затворете ги очите. Почнете да дишете лесно и нормално за неколку минути. Потоа, овозможете му на вашиот здив да се продлабочи и да започне да се обрнува внимание само на вашиот здив. Забележи го и набљудувај го звукот на здив. Обрнете внимание на чуството кое го ствареа влезот на воздухотво вашите ноздри, грлото, белите дробови и остатокот од вашето тело. Задржете го вашето внимание на ова дишење и ќе забележите како вашето тело и ум се релаксираат и станувате се по смирени, и како што поминува времето и вашиот фокус се зголемува. Практикувајте ја ова медитација за десет минути, ако сте почетник. Зголемувањето на  времето со по пет минути интервали, ќе ја подобри и вашата  дисциплина.

 

Мантра медитација

Мантрата е едноставно повторување на звук, збор или фраза. Бидете сигурни дека ке одберете една кратка и едноставна мантра која нема да покани многу размислување в отекот на мантрањето. Некои примери се "ом", "ах", или "хум" или повторувајте ја изјавата "Јас сум смирен". Седете тивко во комотна позиција, на место каде што нема да биде нарушено вашето внимание. Затвори ги очите. Почете да дишете лесно и нормално за неколку минути. Овозможете му на вашето дишење да се продлабочи и започнете да ја повторуватет вашата избрана мантра бавно и внимателно. Повторувајте ја мантрата постојано и фокусирајте се на чувството од вибрацијата од звукот од мантрата за десет минути. Зголемувањето на  времето со по пет минути интервали, ќе ја подобри и вашата  дисциплина. Мантра медитацијата е исто така познат како трансцендентална медитација.

 

Медитација со Визуелизација

Ако претходните две медитации кои служат за подобрување на дисциплината на тишината и подобрување на концентрацијата се малку премногу напредни за вас, тогаш обидете се со визуализација за да ги подобрите вашите перформанси.
Можете да медитирате со визуелизација на подобрување на перформансите кои сакате да ги постигнете. Вие сеуште ќе ја развивате вашата дисциплини на концентрација и јасност затоа што се целосна внимателност ќе седите во смирена позиција  додека сте во процес на  визуелизација.
Истражувањата изведени врз оваа медитација потврдува  дека, "техниките на визуелизација им помага на спортистите во сите спортови".

Напишано од

Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Инструктор по пливање, работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Поврзани статии: Медитација

Коментари:


Gligor Stojanov
Gligor Stojanov interesen e prviot nacin na meditacija
на 2012-08-30 19:53:41 like button (1)

Последни Коментари

Mile
Mile Дали може да се земаат како шумечи таблети плус бедоксин?
пред 3 недели
Marius
Marius Ocigledno ne sakas da napravis kompromis na ishranata, a jades gjubre. Znaes deka treba da vezbas, a...
пред 3 недели
nikola
nikola me interesira povekje za razorot ? neznam kade da prasam padali bi mozele da mi kazete nesto povekje...
на 2014-08-23 05:27:36
Mali
Mali moze da se zema pod 18 okolu 13 god
на 2014-08-15 10:41:24
Viktor Lazevski
Viktor Lazevski Jas sum 13 godini dali ke mi steti ako pravam stomacni vo rastenjeto
на 2014-07-20 23:43:20

Последни Статии

10 неверојатни совети за подобра ДИЕТА

Појадокот е важен за здраво срце

Богатството е во лушпата

Млади и силни на 73 годишна возраст

Ослабете 5 килограми за 1 недела со употреба на ЦИМЕТ

Кликни Like

Поддржи не !
like us