Совети за бодибилдинг

Доколку не сте знаеле, кревањето тежини се состои од повторувања и сетови.

Повторувања: претставуваат серија на мускулни контракции со тежина или движење (на пример 1 склек).

Сет (серии): претставуваат серија на повторувања (пр. 10 повторувања на склека во  1 сет).

СОВЕТИ ЗА КРЕВАЊЕ ТЕЖИНИ

 

♦Загрејте се, а потоа веднаш направете мало истегнување – задолжително!

 

♦Вашиот тренинг со тежини не треба да трае повеќе од 30-45 минути.

 

♦Не користете тегови кои се многу лесни, тоа е непродуктивно, но исто така не користете премногу големи тежини, па да неможете да ги дигнете. Мора да експериментирате за да ја утврдите вистинската тежина. Започнете со лесни тегови и направете неколку сетови како загревање со цел да ја подесите вистинската тежина за тој ден. Не очајувајте ако кренете помалку од претходниот пат, силата зависи од многу работи (одмор, спиење, храна).

 

♦Ако сте почетник, потребно е да правите поголеми паузи помеѓу сетовите со цел да опоравите доволно без да чувствате вртоглавица или гадење. Тоа ќе потрае некое време додека Вашето тело не се приспособи на новата рутина на кревање тежина.

 

♦Мускулите кои што ќе ги вежбате не треба да бидат воспалени, доколку се, одморете уште еден ден. Вашата цел за време на тренингот е да се чувствате силни и полни со енергија.

 

♦Мускулниот раст се случува кога одредени барања се исполнети. Вашето тело е дизајнирано да реагира и да се приспособува на стресот. За по издефинирани мускули  треба да се креваат поголеми тежини, а да се прават повеќе повторувања или да се намали времето за одмор помеѓу сетовите.

 

ПРАВИЛНА ТЕХНИКА НА ДИШЕЊЕ ЗА ВЕРМЕ НА КРЕВАЊЕ ТЕЖИНИ

 

♦Не го задржувајте  здивот.

 

♦Вдишувајте кога мускулите се опуштени (истегнати), а издишувајте кога тие се контрактирани.

 

Дишете преку уста во моментот кога ги изведувате вежбите. Дишење преку уста го изедначува притисок во градите.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.