mojtrener
|

Заштитите го долниот дел на грбот - КИЧМА

Објавено на: 08.01.2013

Многу е важно да имате цврсти мускули на долниот дел на грбот. Вежбите за подобрување на силата на долниот дел од грбот го подобруваат мускулниот развој, а тоа ќе ви овозможи да бидете по ефективни. Кичмата е дел  од телото, каде често може да се доживее болка, само поради мала невнимателност или неправилно изведување на некои од вежбите како што се: мртви поткревања, чучњеви, тренинг со руско звоно, итн.

За да го заштитите долниот дел на грбот - кичмата, првото нешто што требате да се земете во предвид е со колкав голем интензитет тренирате. Ако често трчате, скокате, тренирате со кревање на потежок товар ( правење на чучњеви и мртви поткревања на пример), тогаш постои многу поголема шанса да доживеете повреда.

Особено тркачите треба да внимаваат, бидејќи секој пат кога ќе направиме чекор додека трчаат, во тој момент имаат терет повеќе од три пати од нивната телесна тежина кој слегува на нив, голем дел од таа тежина се фокусираше на долниот дел на грбот. Користењето на соодветни патики за трчање е добар начин да се спречи болката, исто така треба повеќе да се трча на мекана подлога (трева, земја, специјни патеки).

Друг голем фактор на кои треба да се размислува е позицијата на правилно држење на вашето тело. Ако имате многу лоша навика за одржување на вашето тело, и се прекршувате во кичмата секогаш кога стоите исправено, каде карлицата ротира напред создавајќи голем крива, тоа  додава дополнителен притисок врз вашите пршлени . Секогаш морате да се обидувате даодржувате соодветно усогласување на 'рбетниот столб за да ја спречите болката.

Бидете сигурни дека секогаш сте свесни за овој дел од телото кога изведувате некоја вежба или движење. Еве неколку совети Како да се ослободите од болката во грбот.

Напишано од

Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Инструктор по пливање, работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Поврзани статии: Здравје

Коментари:


KiLLA
KiLLA Podobro e da se vezba koga se ima bolka vo grbot ili da se miruva zatoa sto jas imam bolki vo grbot ( mijalgija ) i doktorot mi rece samo da legam i da pijam apcinja. Pominaa tie 2 nedeli, ispiv 30 ibuprofena, 10-20 paracetamola, 10 analgina, 5 kesicinja magnezium i istrosiv cela krema protiv bolki i uste me boli grbot. Dali mozebi ako pocnam da vezbam i da go zacvrstuvam toj del od grbot ke mi pomine bolkata ?
на 2013-04-09 10:32:16 like button (1)

Последни Коментари

Сања
Сања Топло го препорачувам видеото за сите оние кои сметаат дека е во ред да убиеш за да се најадеш! Во о...
пред 9 часa
Сања
Сања Јас сум година и половина веган, активенм спортист веќе 20 години, со врвно добра крвна слика и одли...
пред 9 часa
berudin_88@hotmail.com
berudin_88@hotmail.com berudin_88@hotmail.com
пред 2 денa
Mile
Mile Дали може да се земаат како шумечи таблети плус бедоксин?
на 2014-09-13 11:25:51
Marius
Marius Ocigledno ne sakas da napravis kompromis na ishranata, a jades gjubre. Znaes deka treba da vezbas, a...
на 2014-09-11 16:27:38

Последни Статии

10 неверојатни совети за подобра ДИЕТА

Појадокот е важен за здраво срце

Богатството е во лушпата

Млади и силни на 73 годишна возраст

Ослабете 5 килограми за 1 недела со употреба на ЦИМЕТ

Кликни Like

Поддржи не !
like us