Аеробик секое утро

 

Прво дозволете ми да ви ја пренесам важноста на утринското вежбање пред да јадете или пиете нешто друго освен вода, црно кафе или чај. Пред јадење во утринските часови, сите системи чуваат гориво за да ви дадат енергија потребна за вршење на вашите секојдневни задачи. Затоа вежбањето наутро пред да јадете ви дава можност да ги согорите вашите складирани масти.

Во почетокот може ќе ви биде тешко да вежбате без појадок. Вашето тело е така дизајнирано да ги запази мастите секогаш кога тоа е можно а мастите се добро гориво. Тоа е затоа што откако ќе изедеме еден куп на јагленихидрати, горењето на масти запира и складирањето на маснотии започнува. Но, како што вашето тело учи да ги користи вашите складирани масти за гориво, без јадење на утро, станува многу полесно. Всушност откако организмот  ќе се навикне да троши масти во утринските часови, вие ќе се најдете себе си полни со енергија.

Аеробните вежби го стимулираат производството на ензими и хормони кои предизвикуваат телото да ја зголеми потрошувачката на складираните масти.

Обидете се да избегнете вежби со оптоварување бидеќи тие ќе го зголемат производството на хормони за растење, кој ја зголемува мускулната маса.

Комбинацијата од ареобик и музика ќе создаде релаксирчаки ефект на телото, ќе предизвика чувство на среќа, а ќе го намали стресот, анксиозноста, вознемиреноста и депресијата.

Физичката активност, особено аеробната физичка активност е фантастичен метод да се зголеми нивото на енергија во текот на денот.

 

Еве неколку дополнителни бенефиции од практикување на аеробни вежби во раните утрински часови:

 

1. вежбањето наутро ослободува ендорфин, и ве полни со енергија за цел ден

2. ве енергетизира и буди

3. може да помогне во регулација на апетитот за остатокот од денот

4. деноноќниот ритам на вашето тело се прилагодува на вашата утринска рутина, па    полесно се разбудувате секој ден во исто време

5. можете секогаш да најдете време за вежбање со поставување на вашиот аларм порано наутро

6. мала е веројатноста од умор кога е рано направен тренингот (пример кога сте исцрпени после тренинг и кога пријателите ќе ве побараат да им се придружите а вие не можете)

7. го зголемува метаболизмот и неколку часа и по тренингот

 

Како заклучок се чини дека аеробикот има доволно неспорни бенефиции за да ги мотивира луѓето да ги местат алармите порано.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.