mojtrener
|

Авокадо – чудо од овошје

Објавено на: 11.02.2012

Месни протеини, масни киселини, витамини и минерали, сите тие се наоѓаат во едно овошјеавокадотоЈадејќи го него е исто како да имате цел оброк од различни типови на храна, и ова е само една од безбројте здравствени придобивки на авокадото. Кај нас авокадото е многу малку застапено во секојдневната кујна, а повеќето најверојатно немате ни пробано. Тоа е така бидејќи сеуште не сте запознаени со здравствените придобивки и богатството на протеини (4,02 гр, во споредба со јаболкото кое има 0,47 гр), влакна (13,5 гр) и антиоксидансите што ги содржи.

 

 

Авокадото содржи многу калиум, а заедно со натриумот што го внесуваме преку солта ги штити артериите од оштетување. Солта што ја внесуваме во големи количини претставува ризик за срцето и кардиоваскуларниот систем, а внесувањето на авокадо кој ризик се елиминира во голема мера.

 

Фолната к-на во едно авокадо е претставува 23% од дневните потреби и игра главна улога во заштитата на срцето, а кај бремените жени е многу битна бидејќи спречува плодот да добие било какви аномалии.

 

Уште еден силен аргумент за да јадете авокадо се масните киселини. Тоа се истите тие како кај маслиновото масло и претставуваат најздравите масти познати на науката кои го спречуваат ракот на дојката и срцевите заболувања. Доколку холестеролот Ви претставува проблем, авокадото е одговорот.

 

Диететската исхрана со авокадо е исто така корисна за очите бидејќи плодот исто така содржи лутеин, еден од над 600те каротеноиди (природни пигменти). Оваа супстанца спречува катаракта и макуларна дегенерација.

 

 

Со авокадо до помала телесната тежина

Здравствени придобивки на авокадото се добро познати, но многу малку луѓе знаат дека авокадо може да ви помогне во Вашата диета. Иако авокадото е "дебело" овошје, тоа е корисно во губењето на тежината.

 

Благодарение на мононезаситени масти кои авокадо ги содржи, тоа ви помага да го заситите Вашиот стомак , и го намалува искушението на јадењето чоколадо и слатки работиПокрај тоа авокадото спречува болести предизвикани од недостаток на витамини или минерали, кои се почесто се случуваат со неизбалансираните диети.

 

Сепак да не се претера, 125 грама на авокадо содржи 200 калории, повеќе од другите видови овошје и зеленчук, но помалку од пржени компири, колачите или другите слатки.

 

Погледнете ја табелава на богатството на витамини и минерали во големи количини во само 1 средно праче авокадо.

Калиум             975 mg               Витамин А                 293 IU
Фосфор            105 mg Витамин Ц                 20.1mg
Магнезиум       58 mg Витамин Б1               0.135 mg
Калциум           24 mg Витамин Б2               0.261 mg
Натриум           14 mg Ниацин (Б3)               3.493 mg
Железо            1,11 mg Фолна к-на(Б9)          63 mcg
Селен               0,8 mcg Пантотен. к-на(Б5)   2.729 mg
Манган             0,285 mg Витамин Б6                5.17 mg
Бакар               0,382 mg Витамин Е                  4.16 mg
Цинк                 1,29 mg Витамин К                  42.2 mcg

 

Бодибилдерите кои бараат идеални масти за пред и после напорниот тренинг, во комбинација со нивиот протеински шејк задолжително да конзумираат авокадо.

Напишано од

Дејан Каскаревски

Дејан Каскаревски студира "Исхрана и диететика" и е посветен на правилната исхрана и секојдневното вежбање со цел за поздрав животен стил. Слободното време го поминува во планинарење, фитнес и велосипедизам, а сака да им помогне на другите пренесувајќи го своето искуство со исхраната, мотивацијата и вежбањето."НАЈЛЕСНО Е ДА СЕ ОТКАЖЕШ" е реченица која го тера да издржи до крај.

Поврзани статии: Здрава Исхрана

Коментари:


bruce
bruce Во претходна статија за комбинирање на храната имаше еден линк за тоа што како се комбинира и не се комбинира, тамѕ авокадото е ставено дека не се комбинира со протеини и според тоа Зошто би го земал заедно со протеински шејк?
на 2012-03-01 17:19:12 like button (0)
Dejan Smajli
Dejan Smajli Протеините и скорбот не се комбинираат, авокадото е од брзи јаглехидрати кои ја подобруваат синтезата на протеинот. позз
на 2012-04-04 22:50:25 like button (2)

Последни Коментари

berudin_88@hotmail.com
berudin_88@hotmail.com berudin_88@hotmail.com
пред еден ден
Mile
Mile Дали може да се земаат како шумечи таблети плус бедоксин?
на 2014-09-13 11:25:51
Marius
Marius Ocigledno ne sakas da napravis kompromis na ishranata, a jades gjubre. Znaes deka treba da vezbas, a...
на 2014-09-11 16:27:38
nikola
nikola me interesira povekje za razorot ? neznam kade da prasam padali bi mozele da mi kazete nesto povekje...
на 2014-08-23 05:27:36
Mali
Mali moze da se zema pod 18 okolu 13 god
на 2014-08-15 10:41:24

Последни Статии

10 неверојатни совети за подобра ДИЕТА

Појадокот е важен за здраво срце

Богатството е во лушпата

Млади и силни на 73 годишна возраст

Ослабете 5 килограми за 1 недела со употреба на ЦИМЕТ

Кликни Like

Поддржи не !
like us