Јога и нејзината примена во современиот живот

Потребни беа милиони години за да еволуираат луѓето од четири нозе до стоење исправено на две нозе. Сега, човештвото го достигна пресуднниот стадиум во својата еволуција.

Освен добри дела и искрени зборови, духовната еволуција представува напредок на духот и душата кон едно ниво на тотално будење наречено Големо Просветлување, со супериорна интелигенција. Со цел да се достигне ова ниво, ние мора да бидеме екстремно трпеливи и да практицираме со целото свое разбирање на стварноста, некои основни принципи. Ова е значењето на медитативната пракса. Кога еднаш практикантите достигнале високо ниво, тие ќе можат да го применат ова знаење за да им помогнат на другите и да дадат од себе и на тој начин акумулирајќи доблести додека се сеуште на овој свет. Ова е она што е наречено духовност.

 

Јога значи единство со своето внатрешно битие. Ова единство доаѓа кога ќе се надмине двојноста на умот и материјата. Асана значи положба на телото во која што долго време можете да останете стабилно, мирно и удобно, и физички и ментално.

 

Во еден древен текст за јогата, напишан од Патанџали во “Ѕога Сутрама” постои кратка дефиниција за асаните Стхирам Сукхам Асанам: стабилна и удобна положба. Во овој контекст, асаните се изведуваат за развивање способност за седење во една положба подолго време,како што е тоа за време на медитација.

 

Асаните исто така може да се прават со цел да се излечи некоја болест,како и за одржување на здравјето на високо ниво. Со благо истегнување на мускулите, масажа на внатрешните органи и тонизирање на нервите во целиот организам, здравјето на оној што ги прави асаните може многу да се подобри, а многу болести, дури и оние кои се нарекуваат “неизлечиви”, можат да се олеснат или потполно да се отстранат.

Од овој аспект се одржуваат и семинарите по традиционална јога. Целта на семинарите е практикантите што подобро и подетално да навлезат во суштината на ЈОГАТА и преку нејзините вежби поефикасно  да ја постигнат физичката, ментално – емотивната и духовната стабилност.

.

 Со Љубов и Светлина, Сурија

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.