mojtrener
|

Прости/сложени јаглехидрати

Објавено на: 20.02.2012

Внесот на јаглехидратите треба да се состои од нерафиниран сложен скроб и влакнести јаглехидрати. Ограничете ги простите јаглехидрати од видот на шеќер и слатки колку можете повеќе, но и рафинираните јаглехидрати од вашате мени. Вашата диета треба да се состои главно од нерафинирани комплексни јаглехидрати. Можеме да издвоиме 3 групи:

1.Прости јаглеидрати

(шеќер, мед, овошје, овошни сокови...)

Простите јаглехидрати имаат "едноставна" молекуларна структура и се составени од 1 до 2 шеќерни молекули. Најпростиот облик е гликоза. Од секојдневните храни се вклучени сахарозата (белиот шеќер), фруктозата (се наоѓа во овошјето) и лактозата (во млекото).

Не сите прости јаглехидрати се лоши. Природните прости јаглехидрати во овошјето и млекото се совршено здрави. Нискомаслените млечни производи како јогуртот, млекото и урдата се здрави извори на калциум и протеини. Иако овошјето и (свежо цедениовошните сокови се здрави и преполни со минерали и витамини, најдобро е да се јадат во умерени количини ако губење на тежината е вашата цел. Најдобро време за внесување овошје е пред и по вежбањето.

 

2. Сложени јаглехидрати

(ориз, интегрален леб, тестенини...)

Сложени јаглехидрати, исто така, се составени од шеќери, но молекулите се нанижани заедно и формираат подолги, покомплексни синџири. Комплексни јаглехидрати ги вклучуваат на пример зрната на грашокот и на гравот, кои се богати со витамини, минерали, протеини и влакна. Проблемот со сложените јаглехидрати е тоа што тие често се рафинирани!

Внесувајте само нерафинирани јаглехидрати: цели житни зрна, вклучувајќи ги и триците и на никулците, целите зрна ориз, интегралниот леб, овезот и пченичните тестенини. Богати се со влакна и ќе се чувствувате сити подолго - одлично за губење тежина.

Рафинирани јаглехидрати се храна каде што се користат машините за отстранување на  влакната (триците и никулците) од житото. Кога сложените јаглехидрати се рафинираат, ја губат комплексна структура и на тој начин сите својства што ги прави здрав избор. Бел оризбело брашно, бел леб, зашеќерени житарици,тестенини и се што е направено од бело брашно се примери на рафинирани јаглехидрати.

 

3. Сложени фиброзини (богати со влакна) јаглехидрати

(повеќето зеленчуци)

Влакнести јаглехидрати се богати извори на витамини, минерали, фитохемикалии и други хранливи материи и претежно се зелени зеленчуци. Тие се полни со влакна, што претставува составен дел од растителената градба (на зеленчукот). Ова значи дека голем дел од храната поминува низ цревата без притоа да се  апсорбира, со што тие се одлични за чистењето на дебелото црево и се од суштинско значење за одржување на чист и здрав дигестивен систем! А уште подоброе тоа што влакнести јаглехидрати се со многу малку калории и со нив е практично невозможно да здебелите.

ЗАПОМНЕТЕ: Кафеавото и зеленото е добро, белото е лошо.

Напишано од

Дејан Каскаревски

Дејан Каскаревски студира "Исхрана и диететика" и е посветен на правилната исхрана и секојдневното вежбање со цел за поздрав животен стил. Слободното време го поминува во планинарење, фитнес и велосипедизам, а сака да им помогне на другите пренесувајќи го своето искуство со исхраната, мотивацијата и вежбањето."НАЈЛЕСНО Е ДА СЕ ОТКАЖЕШ" е реченица која го тера да издржи до крај.

Поврзани статии: Здрава Исхрана

Коментари:


Нема коментари , биди прв што ќе искоментира.

Последни Коментари

влатко
влатко по колку таблети maksimalno da pijam pred trening
пред 4 недели
Сања
Сања Топло го препорачувам видеото за сите оние кои сметаат дека е во ред да убиеш за да се најадеш! Во о...
на 2014-10-31 12:34:15
Сања
Сања Јас сум година и половина веган, активенм спортист веќе 20 години, со врвно добра крвна слика и одли...
на 2014-10-31 12:29:28
berudin_88@hotmail.com
berudin_88@hotmail.com berudin_88@hotmail.com
на 2014-10-29 15:52:39
Mile
Mile Дали може да се земаат како шумечи таблети плус бедоксин?
на 2014-09-13 11:25:51

Последни Статии

10 неверојатни совети за подобра ДИЕТА

Појадокот е важен за здраво срце

Богатството е во лушпата

Млади и силни на 73 годишна возраст

Ослабете 5 килограми за 1 недела со употреба на ЦИМЕТ

Кликни Like

Поддржи не !
like us