← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Храна која го зголемува нивото на тестостерон

 

Покрај тоа што хормонот тестостерон се наоѓа и кај  мажите и кај жените, мажите имаат тенденција да имаат повисоко ниво на тестостерон од жените. Тестостеронот е одговорен за многу  здравствени придобивки кај машкото, вклучувајќи зголемување на либидото, како и зголемен  мускулен раст. Затоа, зголемувањето на овој хормон ја подобрува општата здравствена состојба. Иако тестостеронските додатоци имаат бенефиции, тој исто така може да донесе и несакани ефекти. Најдобар избор е да се јаде природна храна која може да придонесе за зголемување на  нивото на тестостеронот.

 

Брокулата

Едена од бројните здравствени бенефиции  на брокулата е нејзината способност да го зголеми нивото на тестостерон.  Брокулата е природен извор на индол-3-карбинол, со што придонесува да се намали нивото на естроген и да го зголеми производството на тестостерон. Со покачувањето на нивото на естрогенот се  намалува ефикасноста на тестостеронот, што значи дека намалувањето на естрогенот во организмот го зајакнува влијанието на тестостерон.

 

Лук

Покрај способноста за зајакнување на имунолошкиот систем, лукот, исто така, може да го зголеми нивото на тестостерон.Со конзумирање на лук во прав, по високо протеинска диета , лукот значително го покачува нивото на тестостерон во организмот. Истражувачите укажуваат на тоа дека лукот дополнително стимулира тестисите да го зголемат производството на тестостерон.

 

Црвено месо

Црвеното месо е богат извор на минералот цинк, кој се покажа дека има позитивно влијание врз производството на тестостерон. Луѓето кој имаат недостатокот на цинк, и конзумираат суплименти збогатени со цинк, имаат повисоко ниво на тестостерон по шест месеци.

 

Млечни производи

Зголемениот внес на калциум може да го подобри нивото на тестостерон во организмот. Активното и неактивното користење на суплименти збогатени со калциум го зголемуваат нивото на тестостерон. Зголемувањето на тестостерон е позначајно за оние кои вклучуваат физичка активнос во нивниот начин на живеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?

Пресметај калории и макроси
Мој Тренер · Калкулатор за исхрана