Како до извонредни стомачни мускули

 

Вољата  знае да ве натера да се грижите за вашиот изглед, но мрзата може да ве натера да и верувате на ваквите статии “Стомачни мускули со само 2 минути тренинг на ден” ; “За две недели ќе имата прекрасни стомачни” итн…

Доколку сакате да дојдат до израз и да ги откриете стомачните мускули кој се покриени со масното ткиво, не е потребно да правите преку 300 стомачни секој ден, особено нема потреба да ги вежбате стомачните секој ден. За стомачните да дојдат до израз потребен е кардио тренинг, за да почнете да ги топите масните наслаги со кои се покриени стомачните мускули.

За да биде ефективен кардио тренингот треба да се изведува најмалку 15 минути на ден, 3 до 5 пати во неделата.

Најголема грешка е да почнете да правите тренинг за  стомачни секој ден, едноставно немате потреба да ги исцрпувате мускулите на стомакот секој ден,  исто како што немате потреба било која друга мускулна група  да ја вежбате секој ден. Почнете да ги вежбате стомачните мускули преку еден ден ако сакате да дојдат до поголем израз.

Се што  е потребно за да се здобиете со  прекрасен изглед на стомачните мускули, е да ја зцврстите вољата и да бидете упорни во тоа што го правите…

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.