← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Напиток за подобро здравје – Овошни шејкови (Smoothies)

 

Овошните шејкови многу наликуваат на добро познатиот “милкшејк” , но главната  состојка во овој напиток е овошјето наспроти млекото во милкшејкот. Односно рецептот за еден овошен шејк би изгледал вака:

Земете некое овошје по ваш избор на пр. банана , капини и малини , јагодки , јаболка.. додадете малку  млеко или јогурт.Сето тоа ставете го во блендер и добро проматете го.За да го подобрите квалитетот на оваа напивка можете да додадете витамински суплементи , лешници , ореви , житарици , мед и слично.

Или доколку сето тоа ви изгледа комплексно едноставно можете да навратите во “Кафе Опера”  и таму можат да ви спремат некој одличен шејк како на пример овој.

Дали е здраво ?

Па секако дека е еве неколку добри причини зошто ви го препорачуваме овој напиток.

Антиоксидант

Зајакнете го вашиот имунитет со тоа што ќе го зголемите нивото на антиоксиданти или во превод тоа превентивно помага на вашиот организам да се бори против рак , срцеви заболувања и  виралните инфекции.

Расителни влакна

Растителните влакна повеќе пати ги имаме спомнувано , накратко за нив ќе кажам дека , вклучувајње на поголем внес на растителни влакна во вашата исхрана може да ви помогне во намалувањето на ризикот од хронични болести како што се срцеви болести и дијабетис.

… овие две причини мислам дека се доволни добри и во комбинација со одличниот вкус ја прават оваа напивка број еден.

Наздравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?

Пресметај калории и макроси
Мој Тренер · Калкулатор за исхрана