Несакани последици од претренираност

 

Тренирањето е еден од најдобрите начини да го подобрите вашиот физички изглед, да бидете во топ форма и да се чувствувате здрави. Претренираност може да предизвика некои сериозни несакани ефекти. Да се биде свесен за овие несакани ефекти може да ви помогне да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат и тренирате на здрава начин.

Мускулен замор

Еден од првите и најпрепознатливите несакани ефекти на претренираност е замор. Ако забележите дека немате доволно сила  на средината од тренингот, или вашите мускули не можат да ја извршат одредената активност која сакате да ја изведите, најверојатно ќе страдате од претренираност. Кога вашето тело ќе потрошува повеќе енергија поради претренираноста отколку што е потребно, тогаш потребен ви е поголем внес на калории, недостатокот на енергија може да доведе до мрзеливост, чувство на слабост или неможноста да се продолжи со тренингот. Може да се случи, дури и да чувствува замор во текот на  денот или недела.

Дехидратација

Како што тренирате, така вашето тело губи течности преку потта. Претренираноста ја зголемува количината на изгубени течности од вашиот организам, и неуспехот да ги надоместите оние изгубени течности додека тренирате може да доведе до дехидрација. Пијте вода додека вежба да го надополнувате изгубените течности за време на тренингот, и пијте повеќе откако ќе завршите со тренингот.

Повреди

При  претренираност можете да се здобиете со многу несакан и повреди. Претренираноста им додава екстра стрес на мускулите, тетивите и зглобовите. Ова може да доведе до крути или затегнати мускули, кинење на тетива или шинување. Најдобар начин за да се избегнат несаканаите повреди додека тренирате е да се грижите за вашиот организам. Загрејте се со лесно истегнување  кое се фокусира на мускулните групи кој ќе ги тренирате,и не заборавајте да се истегнете и после тренингПрекинете го тренингот, ако чувствуваат болка во одредени делови на телото.

Аменореа

За жените, една од можните последици на претренираност и прекумерното тренирање е аменореа, или недостаток на менструалниот циклус, според MayoClinic.com. Претренираноста создава нерамнотежа во нивото на енергија на вашиот организам, што влијае на многу други системи во вашето тело. Разговарајте со вашиот лекар ако сте загрижени одза овој тип на несакани ефекти како резултат на претренираност.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.