Што е тоа Диета?

 

Повеќето луѓе кога ќе го слушнат зборот диета, веднаш мислат на намалена исхрана за слабеење. Иако ова е точно во некои случаи, терминот диета значи многу повеќе. Тоа е начин на живот, начин за да го подобрите вашето здравје, јадете за да живеете, а не живеете за да јадете, или станува збор за медицински начин на исхрана која управува со одредени дефицити и болести.

 

 

 

 

Дефиниција за диета
Диетата има повеќе од една дефиниција, прво се дефинира како начин на исхрана кај некое лице или животно.” Следна дефиниција е “регулиран избор на храна, која ке се конзумира со некаква цел,”

Диетата може да биде испланирана за повеќе цели во животот, кој можат да бидат со различни карактери:

–       спортски карактер

–        мадицински  карактер

–       општи карактер

–       порочен карактер

 

Диети од Спортски Карактер

Испланираниот начин на исхрана во спортот служи во главно за подобрување на спортските перформанси.Врз основа на прилагодувањето на спортот диетата може да се модифицира и да биде со различни цели: дита за зголемување на мускулната маса, за зголемување на силата, за јакнеење на тетивното и коскеното ткиво,за подобрување на издржливоста,за подобрување на анаеробните способности,за намалување на нивото на лактати во крвта итн.

Диетаи со Медицински Карактер
Медицинскиот начина на исхрана може да служи за надокнадување на некој дефицит и  заздравување од болести. Може да има начина на исхрана за надокнадување на дефицитот од витамини и минерали,за подобрување на крвната слика, диета за побрзо закрепнување, и диети за намалување на синдромите од некој хронични заболувања (диабетис, артритис,карцином,итн.)

Диети со Општи карактер

Под диета со општи крактер спаѓаат диетите за подобро здравје и подолг живот.

Но кога станува збор за подобро здравје има многу судири на дефиниции и различни мислења и сваќања на афторите. Начин на исхрана од општи карактер може да биде вегетариански начин на исхрана,начин на исхрана за подобар изглед итн.

Порочен карактер

Овој начин на исхрана го опфаќа не-здравиот  начин на исхрана  и брзиот начин на исхрана.Овдека спаѓаат сите зависни храни како што се чипсови ,чоколади,бонбони и итн.

 

Не е важно колку зборот “диета” се однесува на вас, побитнмо е да гледате на вашето здравје посвесно и да размислувте за подобра идниуна.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.