Со дување балони до подобар капацитет на белите дробови

 

Ако имате поголем капацитет на белите дробови тоа ќе ви помогне за поголема издржливост, при што белите дробови го зголемуваат  капацитетот за транспот на кислород преку крвта насекаде  низ организмот. Физичките активности како што се трчањето, пливањето и фудбал се категоризираат под “аеробни” вежби. Белите дробови, исто како и мускулите, можат да ја подобруваат функционалноста и капацитетот ,со изведување на редовни вежби или со дување на балони. Капацитетот на белите дробови е директно поврзан со одредени околности, како што се возраста, полот, големината и здравствената состојба.

 

Вежби со балони

Нај едноставната вежба која го зголемува капацитетот на белите дробови е дување до одредена сума на балони секој ден. Дувањето балони ги развива меѓуребрените мускули кои се одговорни за ширење и поткревање на вашата дијафрагмата и ребрата. Ова им овозможува на белите дробови при вдишување да апсорбираат кислородот, и да се ослободат од јаглеродниот диоксид при издишувањето. Дувањето балони, ефективно ја тренира способноста на  белите дробови да се прошират и да се наполнат со воздух, но не влијае на големината или бројот на алвеолите во белите дробови. Алвеолите се воздушни кесички кои се ослободуваат јаглеродниот диоксид за време на издишувањето и абсорбираат кислород во крвта за време на вдишувањето.

 

Придобивки од дувањето балони

Колку повеќе кислород внесувате во вашиот организам додека тренирате, тогаш што подолго можност да вежба без да останете без здив и  без да се заморите. Кислородот ја обновува енергијата во клетките и мускулите со отстранување на јаглеродниот диоксид. Кога белите дробови  се во состојба да обработуваат многу кислородна, тогаш мускулите се опремени со енергетски резерви кои ни овозможуваат да тренираме подолго.Извршувањето на дневната рутина на дување од 10 или 15 балони постојано го зголемува капацитот на белите дробови, а исто такаги  ја засилува способноста на белите дробови да се одржи доволно снабдување на кислород.

 

Дување балони и респираторните мускули

Дувањето балони ги треира и респираторните мускули. Основни респираторни мускули се дијафрагмата, внатрешните и надворешнте меѓуребрените мускули. Дополнителен мускули, или мускулите кои придонесуваат за поткревање на ребрата така што белите дробови можат да се прошири и да се наполнат со воздух, често се користат за време на физичка активност, како и при тренингот зо тегови, во стресни ситуации или кога некој страда од напад на астма. Постојаното дување на неколку балони, еден по друг, ефикасно ги вежба овие мускули,  и создава поголем капацитет на белите дробови и издржливост.

 

Предупредување

Додека здравите луѓе обично немаат никакви проблеми додека дуваат балони за да го зголемат капацитетот на белите дробови, кај некој луѓе може да дојде до несакани ефекти. Зашеметувањето и вртоглавицата се два симптоми најмногу пријавени од страна на оние кои дуваат  балони. Овие сензации обично се појавуваат веднаш штом ќе престанете да дувате балон. Како се зголемува капацитетот на белите дробови, така овие сензации треба да се намалат и евентуално на крајот да исчезнат. Ако балон ви се чини дека е тежок за да се надува, не го дувајте со  сила.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.