← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Зашто ЧАЈ?

 

Чајот е  закрепувачка напивка и во зимските денови и во текот на летните горештини. Има многу малку калории : една голема чаша чај содржи само 4 калории. Во него има и мало количество на витамини , а секојдневната употреба го покачува тонусот на организамот,ја враќа силата по вонредни напори и му помага на организамот да оздрави.

Умерено употребен , чајот предизвикува многу пријатно расположение,поттикнува на работа,ги надразнува и јакне телото и духот. Дејството на чајот претежно се состои во влијанието на кофеинот и танинот.

Чајот е противотров, добредојден во случаи на труење со тешки метали и со алкалоиди. Квалитетот на чајот зависи од начинот на подготвувањето, но и од водата што ја употребуваме за варењето на чај. Највкусен чај се добива кога се подготвува со мека вода. Тврдата, варовната вода, а особено водата што содржи железо му дава на чајот непријатен вкус. Таквата вода треба претходно да се проврие.

За подготвување на квалитетен чај од значење е и сушените растенија да се чуваат добро затворени во стаклени, картонски или порцелански садови, на ладно, темно и суво место. Секоја година растенијата треба да се менуваат, да се фрлат оние што стојат долго време и да се дополнат со нови, свежо исушени, зашто тие по извесно време ја губат лековитоста, дури и кога се најдобро складирани. Во тегли може да се ставаат само сосема суви растенија.

Ако не сте сосема добар познавач на растенијата во својот крај, подобро е да не ги берете сами, туку со нив да се снабдувате во аптеките за лековити растенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?

Пресметај калории и макроси
Мој Тренер · Калкулатор за исхрана