← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Антицелулит Диета

 

Антицелулит диетата му помага на организмот да се ослободи од отровните материи. Значи, не се подразбира намалување на килограмите, туку користење на вкусна и лесно сварлива храна. Обрнувајте внимание на избирањето продукти и начинот на нивната примена.

 

Јадења на кои се дава предност:

ЗЕЛЕНЧУК – свеж, варен или сокови од зеленчук

ОВОШЈЕ – свежо или овошен сок

САЛАТИ –  зачинети со растително масло и вински оцет или лимонов сок

ЈАЈЦА – варени или пржени во масло

ЈОГУРТ –  може додаток на свежо овошје или снегулки

МЛЕКО – со помал процент на масленост

МЕСО И РИБА – варени или печени, без маснотии и кожички

ВОДА – најмалку 6-8 чаши дневно

СУШЕН ПИВСКИ КВАСЕЦ –  две лажички измешани со овошен сок се пијат 15 минути по јадење

 

Уштe неколку препораки:

  –  Никогаш не јадете брзо.

  –  Одбегнувајте напнатост за време на јадењето – на пример, гледање ТВ.

  –  Јадете секогаш во исто време, бидејќи желудникот така најдобро функционира.

  –  Секогаш уживајте во храната, дури и кога постојат ограничувања. Употребете ја вашата фантазијата, да создаде интересни и фкусни менија.

 

Одбегнувајте: колбаси, сланина, грицки, солено месо, солени срења, пржена храна, газирани пијалаци, павлака, виршли, конзервирана супа, силни зачини и зачинати јадења, многу кафе.

 

За да може целулитот поуспешно и побрзо да се острани, се препорачува: масажа на деловите од телото на кои целулитот е видлив, вежби за истегнување или пливање, вежби за дишење и шетање во природа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?