Исхрана пред тренинг

Многу е важно што конзумираат спортистите, пред тренинг, за време на тренинг и после тренинг.

Главен извор на енергија за мускулите  јаглехидратите кој што во мускулите се таложат како глукоген во деновите пред настапот. Ова е една од причините што јадењето после вежбање-тренинг , е критично за да се открие и да се биде спремен за наредната сесија за вежбање.

Кога треба да се јаде?

Вежбањето со полн стомак не е баш идеално, бидејќи храната што останува во стомак за време на вежбањето може да го вознемири стомакот. Зада се уверат дека имаат доволно енергија, спортистите треба да ја редуцираат стомачната неугодност и да му дозволат на дегистивниот систем, навреме да ја свари храната. Оваа процедура во главно одзема 1 до 4 часа, во ависност од тоа кога, колку и што имате изедено.

За секого овој процес не е ист, секој спортист треба да се прилагоди он својот организам и неговите потреби. Но сепак постои едно општо прифатено правило за тоа како, кога, колку и што треба да се јаде за да спортистот има доволно енергија за време на тренинзите или натпреварите.

Доколку спортистот има тренинг или натпревар рано наутро, најдобро за него е да стане доволно рано за да го има својот прв појадок пред тренингот.

Доколку тоа не е возможно, тие треба да се трудат да јадат ил ида пијат било што, што е лесно сварливо и тоа да го сторат 20 -30 минути пред настанот (тренинг или натпревар).

Колку поблиску се до времето на започнувањето на активностите, толку помалку треба да јадат, затоа што ова индиректно влијае на физичката и психичката состојба на спортистот, и тој го губи натпреварувачкиот дух и енергијата.

 

Што да се јаде пред тренинг?

Бидејќи гликозата е префериран извор на енергија за повеќе вежби, храната пред активностите која треба да ја јадат спортистите треба да вклучува продукти кој што се богати со јаглехидрати исе лесни за јадење.

Ова вклучува продукти како што се овошјето, лебот, енергетските пијалоци и продукти.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.