Енергетските пијалаци прво креваат, па фрлаат во депресија.

 

Пијалакот е препорачлив за спортисти, бизнисмени и за сите на кои им е потребен дополнителен извор на енергија. енергетските пијалаци се направени за да дејствуваат стимулирачки врз централниот нервен систем, а најчесто треба да ги употребуваат спортистите. Но, дури и тие треба да ги пијат во строго определени количества.

 

ПОЗИТИВНИТЕ  СТРАНИ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПИЈАЛАЛАЦИ

Тие не се штетни ако се пијат ретко и не повеќе од една лименка дневно. Во нив има 50 отсто шеќери, а другите 50 отсто се разни витамини, минерали и кофеин. Содржат мала енергетска вредност, не се предозирани, но никако не смеат да се внесуваат наместо вода .

Треба да ги користат луѓето што  се занимаваат со екстремни спортови или имаат поголеми физички напори. Таа е единствениот пијалак што може човекот  да го освежи, обнови и да го крене на нозе.

Енергетските пијалаци даваат повеќе енергија, агресивност, ја зголемуваат концентрацијата, а кофеинот создава чувство на зголемена будност 

 

НЕГАТИВНИ СТРАНИ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПИЈАЛАЛАЦИ

Енергетските пијалаци можат да предизвикаат зависност, оштетување на срцевиот мускул, слезината и на црниот дроб, нарушување на хормоналниот систем и импотенција.

Прекумерното пиење енергетски пијалаци и особено нивното мешање со алкохол го надразнува  централниот нервен систем и може да доведе до тешка депресија .