← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Со каква вода да се тушираме?

 

Некои се тушираат со ладна, други со млака, а некои пак со врела вода. Од температурата на водата, во распон од 17 до 37 ˚ зависи дали тушот ќе ве освежи или пак ќе ве опушти. Одберете ја идеалната температура.

 

Ладен туш за размрдување Започнете туширање со млака вода, а потоа постепено смалувајте ја температурата се додека водата не постане потполно ладна. Тргнете од нозете и постепено качувајте се кон горниот дел на телото. Ваквото туширање го забрзува ритамот на срцето и циркулацијата. Одличен е за утрата, а додека за вечерните саати се препорачува само ако планирате покасно да излегувате или сакате да останете будни

 

Млака вода за добра форма Тушот со млака вода е добар и на утро и на вечер. За убав почеток на новиот ден идеално е да се туширате со вода чија температура се движи од 30 до 32˚. Делува стимулативно на организмот, го забрзува метаболизмот  циркулација и го отсранува чувството на тежина во нозете. Навечер тушот со млака вода ќе ве освежи а при тоа нема негативно да се одрази на вашиот сон.

 

Топол туш за опуштање Туширањето со топла вода не бара никаков напор на организмот, бидејќи телесната температура не се намалува. Започнете со туширање со млака вода, а потоа постепено преминете на врела, се до температура од 37˚. Ваквиот туш ќе му донесе смиреност на телото, и полесно ке ве совлада сонот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?