Утринско Вежбање

За да бидете здрави, морате да вклучите тренинг во вкупниот дневен начин на живот и да го започнете утрото со вежбање, тоа е една од најдобриот навики.

Клучот е во тоа да се вежба секогаш кога ќе можете, без разлика дали е утро, пладне, или вечер, но обидете се да го започнете вашето утро со физичка активност, со што ќе го поставите темпото на денот и ќе се чуствувате по пријатно во текот на цалиот ден.

Кога вежбате во раните утрински часови, го убрзувате вашиот метаболизам .Тоа значи дека ќе согорите повеќе калории преку текот на целиот ден.

Кога применувате утринско вежбање, ќе осетите дека поради зголемениот внес на кислород и циркулацијата на крвта во вашето тело, ќе имате енергија за целиот ден. Со тоа автоматски ќе достигнете  здрава состојба на умот.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.