Важноста на витамините

 

Витамините претставуваат микронутриенти кои му се потребни на организмот за изведување на важни хемиски процеси. Витаминот А обезбедува правилна фукција на видот, витамините а и ц имаат голема улога во подобрување на имунитетот, витамините од Б групата имаа голема улога во контрола на метаболизмот (синтеза на протеините, метаболизмот на јаглехидратите), витаминот Д  помага при апсопција на разни нутриенти ( на пример, помага при транспорт на калциумот и фосфорот од храната во крвта), фолната киселина и тиаминот важни се за правилна функција на нервниот систем, а сите антиоксиданси помагаат во заштита на клетките од слободните радикалии кои настануваат во текот на зголемената физичка активност или било каков стрес на организмот.

 

 

Поради зголемениот метабилизам на јаглехидрати, зголемената синтеза на протеини, зголемената оксидација и активноста на нервниот систем, спортистите имаат зголемена потреба за витамини.  Тие зголемени потреби без проблем можат да се надополнат кога станува збор за витамините кои се раствараат во вода ( Ц и Б-комплекс), затоа што вишокот се исфрла преку мокрача, што не е случај со витамините кои се растваат во масти (А, Д, Е), со што вишокот од овие витамини може да предизвика хипервитаминоза.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.