← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

5 компоненти на фитнес тренингот

Фитнес тренинзите комбинираат пет елементи,од кои се гледа во целина колку е здраво телото, а тоа се: кардио вежби, вежби за зацврстување на мускулите, вежби за мускулна издржливост, вежби за истегнување и телесниот состав.

Без оглед дали сте почетник или личност која стално вежба морате да имате на ум дека само добро испланираната програма за вежбање ги носи посакуваните резултати.

– Кардио вежбите како и вежбите за издржливост се темел на секоја фитнес програма. Ја зголемуваат количината на кислород и крв во телото. Колку ви е поголема кондицијата, толку срцето , и крвните садови подобро спроведуваат крв и кислород низ целото тело. Може да се пронајдете во  аеробик, трчање, пливање, возење велосипед.

 

– Вежбите за зацврстување на мускулите се клучен дел од секоја фитнес програма. Тие помагаат да се зацврстат коските  и да ја зголемете  снагата. Фитнес центрите денес нудат широк избор на различни справи и тегови за зајакнување на мускулите.

 

– Мускулната издржливост е способноста на мускулите или некоја мускулна група да повторува некое движење многу пати или да се држи во одредена статичка позиција за подолг временски период. И аеробни вежби и анаеробни вежби можат да ја  подобрат мускулната издржливост.

 

– Вежбите за истегнување ја подобруваат покретноста на зглобовите и го помагаат доброто држење на телото. Секојдневното истегнување може дури и да помогне во борбата со стресот. Пред да почнете со истегнување, најдобро е да се загреете со вежбање. Јога е една од најдобрите дисциплини.

 

– Телесниот состав е количината на поткожното масно ткиво во телото во споредба со износот на чистата мускулна маса (мускулите, коските, органи итн.)

 

Сега кога ги имате на ум сите 5 компоненти на фитнес тренингот, ќе можете потрудите да овие елементи влезат во склоп на вашиот фитнес тренинг.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?