← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Заменете ги масните наслаги со мускули

Вистина е дека мускулите се потешки од  масните наслаги, но затоа пак завземаат помал простор.

Можно е да имате исто килограми како и порано и да изгледате многу подобро. Една важна работа која треба да ја знаете е дека мускулите брзо ги согоруваат мастите, па што повеќе мускули градите , помалку ќе имате масни наслаги.

Многу жени се плашат дека ќе изгледаат премногу мускулесто и грдо ако дигаат тегови , но тоа не е вистина.Исто така мислат дека ако мускулот тежи повеќе, е поголем. Ако изгубите пет килограми масни наслаги , а добиете пет килограми мускули , тежите исто како и предходно, но изгледате многу повитки.

Дневните активности како пешачење, пливање и аеробик се витални за здравјето на нашето срце и намалување и одржување на тежината, но ако додадеме на тие активности и вежби за снага и зајакнување на мускулите, ќе добиеме непобедлива комбинација за губење на масните наслаги. Нормално неопходно е да бидеме стрпливи затоа што тоа не се случува преку ноќ. Потребно е да поминат неколку недели за да се забележат првите резултати.

Нормално во овој процес многу е битна и исхраната. Храната која ја јадеме мора да биде богата со протеини, квалитетни јаглени хидрати со ниски гликемиски индекс и да не содржи многу масти. Избегнувајте да јадете преработена храна полна со адитиви, конзерванси и масти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?