13-те заповеди на МАКРОБИОТИКАТА

Макробиотиката во превод значи "вечен живот", е начин на исхрана која се состои од правилна комбинација на храната. Иако повеќето производи се од растително потекло, таа не ја исклучува храната од животинско потекло. Макробиотиката се заснова на храна која не е обработена од страна на човековите раце и не подлежи на било какви хемиски промени. Главни принципи на макробиотиката се енергиите јин и јанг.

 

1 ПРАВИЛО:

Не употребувајте храна која поминала низ било каква индустриска преработка. Најдобро е се да се приготвува од цели производи.

2 ПРАВИЛО:

50-60% од храната да се состои од ориз и житни производи. Овие продукти мораат да бидат цели и неизмелени, а таа храна може да се јаде во неограничени количини.

3 ПРАВИЛО:

25-30% од храната да биде зеленчук или овошје. Најдобро е да се употребуваат свежи продукти (каде е тоа можно) и со целата лушпа.

4 ПРАВИЛО:

5-10% од храната да биде од мешунки односно леугоминози (грав, леќа,грашок) и морски алги.

5 ПРАВИЛО:

5-10% од храната да биде од супи од зеленчук и од житни растенија.

6 ПРАВИЛО:

5-10% од храната по Ваша желба да бидат јаткастите плодови и рибата.

7 ПРАВИЛО:

Месо, месото од живина, млечните производи, маслата и јајцата да се јадат ретко, само во посебни случаи.

8 ПРАВИЛО:

Избегнувајте секакви вежтачки напивки, како и кафето и црниот чај, дајте му предност на зелениот чај и на растителните чаеви, кафените напивки од житни растенија и водата.

9 ПРАВИЛО:

Храната треба да се подготвува САМО со вода и само да се вари, пржењето е забрането. Во некои случаи на варењето може да се додаде и малку масло (маслиново по можност).

10 ПРАВИЛО:

Зеленчукот кој е презаситен со енергијата јин (доматите, компирите) треба поретко да се јадат.

11 ПРАВИЛО:

Доколку сте во можност подготвувајте сами леб. За лебот мораат да се употребува грубо измелено брашно, трици или цео зрно. Доколку купувате леб, гледајте да биде од трици или од цело зрно.

12 ПРАВИЛО:

Џвакајте ја храната од минимум 50 па се до 100 пати. Доколку е корисна, со добро џвакање станува уште повкусна. Доколку џвакате подолго време пржено месо, ќе почуствувате дека во него нема никаков вкус. Ако нема вкус – нема ниту енергија.

13 ПРАВИЛО:

Не прејадувајте се. Тргнете се од масата со чуство на лесна глад – тоа е нормална состојба, затоа што чуството на глад престанува дури половина час одкако ќе јадете. Една стара поговорка вели: Доколку  си се тргнал од масата со чуство на заситеност – тоа значи дека си се прејал; доколку си се тргнал со чуство дека си се прејал – тоа значи дека си се отрул.

Започнете да ги применувате правилата и ќе осетите големо подобрување во начинот како се чуствувате, енергичноста и виталноста. Ќе бидете млади и одвнатре и однадвор.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.