← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

30 минути вежбање е поефикасно од 60 минути вежбање

Една неодамнешна студија, донесе добри вести за оние кои имаат ограничено време за вежбање во текот на денот. Истражувачите од Универзитетот во Копенхаген, Данска покажаа дека 30 минути секојдневно вежбање придонесува за намалување на тежината и поткожните масти  исто како 60 минутно вежбање. Истражувањето беше објавено во American Journal of Physiology.

Истражувачкиот тим на Факултетот за здравство и медицински науки, следеа 60 мажи со прекумерна тежина за период од тринаесет недели. Половина од мажите вежбаа 60 минути секој ден, додека другата половина вежбаа 30 минути дневно. Сите тренинзи се направени со умерен интензитет, но учесниците се очекува да го зголемат интензитетот три пати неделно. Учесниците цело врем ја следеа срцевата фрекфенција и бројот на согорени калории. Учесниците беа внимателно следени од страна на научниците со фокус на енергетскиот биланс, инсулинската резистенција и хормоните во крвта.

Резултатот од студијата покажа дека мажите кои вежбале 30 минути дневно загубиле во просек од скоро 4 килограми, а мажите кои вежбале 60 минути  загубиле во просек помалку од 3 килограми. Една од дополнителните придобивки за оние кои вежбаа за 30 минути беше дека тие согориле повеќе калории отколку нормалното очекување. Учесниците во оваа група имаа повеќе енергија и мотивација од групата која тренираше 60 минути.

Резултатите од оваа студија укажуваат дека, тренирањето за цела час, наместо триесет минути дневно, не дава никакви дополнителни придобивки при намалување на телесната тежина или телесните маст. Резултатите од оваа студија се охрабрувачки. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?