5 тајни за јапонската Исхрана

Кога станува збор за  ДИЕТА, голем број од луѓето, имаат претстава дека треба да ја намалат храната и мора да го жртвуваат вкусот и моментот на уживање во храната за да добијат убаво тело.

 Со 5-те јапонски тајни за исхранта, ќе дознаете се што ви е потребно за полесно да ги смените вашите навики за јадење, за да го подобрите вашето здравје и за да не ја намалувате храната во ниеден момент. Овие 5 тајни, едноставно ќе ви помогната да не применувате смешно рестриктивни правила во вашата исхрана.

Тајната Бр.1: Јадете со вашите очи

Јапонската храна не се служи во мали садови. Со презентирање на голема количина на храна н вашата софра, ќе се охрабрите прво да уживате во оброкот со вашите очи, едноставно секој залак ќе биде ароматичен и вкусен. Пред да започнете со јадење дајтему дознаење на вашиот мозок да не дојде до прејадување.

Тајната Бр.2: Наполнете го стомакот 80%

Јадењето додека не го исполните стомакот 80% ,е уште еден како да не се дојде до прејадување. Идејата е да се јаде поспоро и штом еднаш ќе се чувствувате дека вашиот стомак е исполнет прилично 80%, тогаш е најдобро да престанете со јадење. Ако јадете полека, вашиот мозок ќе има време да осети и да се потсети дека вашиот стомак е исполнет со храна.

Тајната Бр.3: Повеќе од 5 на ден

Зеленчукот се употребува масовно  во јапонската исхрана, најмалку 4 или 5 различни видови на зеленчук се сервираат во еден оброк. Јапонците велат дека треба да се јаде повеќе од 100 различни видови на храна неделно. Доколку вклучите зеленчук во секој оброк, вклучувајќи го и  појадокот, ќе бидете многу поздрави во секој момент.

Тајната Бр.4: Свежа риба

Рибите како лосос, туна, скуша и сардини се богати со Омега -3 Масните киселини и затоа се премногу се користат во јапонската исхрана. Со ова ќе го зголемите здравјето на вашето срце.

Тајната 5: Алтернативни протеини

Сојните производи, се голема вегетаријанска алтернатива на црвеното месо, бидејќи тие имаат малку или воопшто не заситени масти. Но внинавајте не ги конзумирајте во големи количини, не повеќе од 25 грама на ден, затао што мажат да бидат штетни за вашето здравје. Но потеклото на протеини немора да биде само од соја ,еве ви добра алтернатива за замена на животинските протеини. Комбинацијата од грав и ориз е исто така одлична алтернатива.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.