9 компоненти на фитнесот

Здравјето е состојба на комплетна ментална, физичка и социолошка благосостојба, а во однос на тоа фитнесот е способноста, индивидуата, да се соочи со барањата на една физичка задача.

Основниот фитнес може да се класифицира во четири главни компоненти: сила, брзина, издржливост и флексибилност. И покрај тоа, спортските научници идентификуваат девет компоненти кои ги опфаќа дефиницијата за фитнес:

 

Сила –  степенот до кој мускулите можат да ја искористат силата преку контракција, спротивно од силата на отпорот.

Moќност – способноста  да се изврши максимална мускулна контракција експлозивно наеднаш при движење.-

Агилност ( подвижност) – способноста да се изведе серија од експлозивни и силни движења кои ќе бидат рапидни и спротивни ( зиг-заг трчање).

– Баланс – способноста да се контролира позицијата на телото, или статички или динамички во движење.

Флексибилност – способноста да се достигне одредено истегнување при движење, а притоа да не биде попречено од вишокот на ткиво.

Локална мускулна издржливост – способноста на одредена група на мускули да се уклучат во постојана работа.

Кардиоваскуларна издржливост – способноста на срцето да пренесе крв до активните мускули и нивна задача да ја искористат истата.

Силова издржливост – способноста на мускулите да изведат максимална контракција во одреден континуитет.

Координација – способноста да се обединат сите горенаведени компоненти за да можат да бидат изведени ефективни движења.

 

Од сите девет компоненти на фитнесот, кардио респираторните квалитети се најважни за развивање, бидејќи влијаат врз подобрувањето на останатите компоненти.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.