Дали ЈАГЛЕХИДРАТИТЕ се наши непријатели?

Јаглехидратите во ова темпо на живеење се сметаат за најголемиот непријател, кој што предизвикува вишок килограми. Но дали треба да се избегнуваат јаглехидратите и виновникот да се бара во друго нешто? Дали тие тие се навистина лоши за Вас.

Јаглехидратите и шеќерите се ГЛАВНО гориво кое се користи од страна на мозокот, срцето и мускулите. Тие доаѓаат од храната што ја јадеме, како: житариците и лебот, оризот, тестениние, млечните производи, овошјата и зеленчуците. Нашето тело ги разложува и претвара во искористлива состојба, глукоза. Клетките во телото ја претвараат глукозата во енергија која се искористува за секојдневни активности.

 

ШТО АКО НЕ ВНЕСУВАМЕ ЈАГЛЕХИДРАТИ?

Кога не внесуваме доволно јаглехидрати, нашето тело посегнува по разложување на мастите со цел да обезбеди енергија. Кога телото ги користи мастите за енергија произведува кетони и ние сме во состојба на кетоза.

Ова звучи добро во теорија, но само во теорија, бидејќи постојат сериозни несакани ефекти. Кетозата може да предизвика откажување на некои органи, камен во бубрезите, откажување на бубрезите, лош здив и друго. За да се избегне кетоза, ние мораме да внесуваме околу 100 грама јагехидрати.

Исфрлањето на јаглехидратите од Вашата диета значи исфрлање на продуктите од цели житни зрна, млекото и млечните производи, овошјето и зеленчукот. Овој тип на храна ги обезбедува основните хранливи состојки за да може телото правилно да функционира, како ензимите, витамините, растителните влакна и минералите.

Телото ги разложува и протеините ако не внесувате доволно јаглехидратите, иако имате доволно масти. Со тоа ќе се намали Вашата долготрајно стекната мскулна маса.

 

КОИ ЈАГЛЕХИДРАТИ СЕ ЛОШИ?

Избегнувајте ги газираните и овошните сокови од маркетите, белиот леб, белите тестенини и белиот ориз се празни јаглехидрати, односно тие се само калории без никаква хранлива вредност. Не додавајте шеќер во Вашето кафе или чајот.

 

Најдоброто што можете да го направите за себеси е да имате добро избалансирани оброци и да вежбате редовно. Освен посакуваната тежина, ќе го подобрите и целокупното здравје.

Запомнете ЈАГЛЕХИДРАТИТЕ НЕ СЕ ВАШИ НЕПРИЈАТЕЛИ, тие обезбедуваат енергија, есенцијална за нашето функционирање, како и витамини и минерали кои се потребни на телото.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.