Дали спиењето е неопходно или само губење време?

Некои луѓе, претежно оние кои што за себе сметаат дека имаат голем број на обврски, на спиењето гледаат како на залудно изгубено време, а пак други сметаат дека истото е неопходно за здравјето на еден човек.


Најпрво мора да се истакне дека со неспиењето се вознемируваат и потресуваат сите центри на човекот,како и тоа дека голем број на болести се токму резултат на недоволното спиење.Така на пример, немањето сон може да биде причина за отсутност, намалена способност за извршување на секојдневните физички активности, температура, главоболки, појава на подочници, па тука може и да напоменеме дека голем број на сообраќајни незгоди се последици од немањето сон така што се случува возачите да заспијат на самиот волан…
Затоа спиењето не е губење време. Со спиењето на 8 часа, вие можете да бидете будни наредните 16 часа и своите обврски да ги извршувате сосема будно и свесно,без никакви потешкотии.
Имено, во овие 8 часа се смета дека мозокот и срцето, животните функции се смируваат и ревитализираат.

Впрочем правилното спиење е за секого различно. Тоа не е еднакво за сите, затоа што секое тело има различни потреби-според годините и други пропратени елементи. Секој човек треба индивидуално сам за себе да открие кое е најдоброто време-траење на неговиот сон, дали 5, 7, 8 или повеќе часови. Правилата од скриптите кои укажуваат дека сонот треба да трае 8 часа не важат затоа што секој организам на еден човек не е ист со оној на другиот.Не постојат две исти личности, не постои едно исто правило за сите луѓе.
За благодетите на сонот и неговата неопходност говорат голем број на научници, доктори и познати јогини како Ошо, Кацуџо Ниши, Сигмунд Фројд и итн. …

Заклучоците на руските и германските научници за важноста на сонот и неговото влијание врз здравјето на човекот, послужиле како најпопуларен метод за мачење на затворениците – не им дозволувале да заспијат.
Во овој контекст ќе ве потсетиме и на една стара македонска поговорка : ,,Кој крати од сонот,крати и од здравјето."

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.