Ефикасно вежбање

Рационализирајте ги Вашите вежби

Вежбајте го тоа што го сакате, независно дали е тоа Зумба и дигање тегови. Обично број еден причина зошто луѓето не вежбаат е немањето време. Победете ги вашите негативни мисли со следниве совети:

1. Локацијата е многу важна кога ја одбирате Вашата вежбална

Доколку имате 20 години, а вежбалната е полна со постари луѓе, тогаш тоа не е вистинскиот избор за Вас. Или доколку сакате  да ослабите некој килограм, а најблиската вежбална до Вас е некој центар за билдање, и тоа може да претставува проблем. Настрана од тоа, сакате да одберете место блиску до Вашиот дом или местото на работење. Задоволува и доколку вежбалната се наоѓа некаде на патот помеѓу Вашиот дом и местото каде што работите. Колку помалку треба да патувате  до местото на вежбање толку подобро.

2. Размислете за вежбање во периодот за време за ручек

Доколку работите од 09:00 до 17:00 часот размислете да одите во вежбалната за време на вашата пауза за ручек. Доколку има вежбална блиску до местото каде што работите тоа би било одлична можност за Вас. Во тој случај размислете за дигање тегови како подобра опција од аеробик, поради потребата од туширање по аеробикот каде повеќе се потиме. Доколку не се форсирате многу, кај дигањето тегови ќе ви биде доволна и една крпа за бришење. Ова би значело дека треба да ручате во канцеларијата, што подразбира дека би требало да си земете некој здрава храна од дома.

3. Имајте си спремна облека за вежбање во Вашата канцеларија

Чистата облека однесете ја во понеделник на работа, а вратете ја во петок (или сабота, доколку сте на работа) да се испере.

4. Загрејте се брзо и ефикасно

Доколку дигате тегови немате потреба да се качите на велосипед пред и по вежбањето за да се загреете и оладите. Исто така немате потреба да трошите многу време на статично истегнување, што впрочем ја намалува Вашата сила. За разлика од тоа, за дигање тегови би сакале бргу да се загреете со некои динамични истегнувања што во основа е повторување (копирање) на вежбите што ќе ги правите. Потоа, почнете со помала тежина во два сета и потоа почнете со поголема тежина.

5. Вежбајте пред било што друго да правите

Кога ќе станете наутро, единствено важна работа која треба да ја направите е да се измиете. Кафето, храната, туширањето и бричењето ќе ве доведат до ментална спирала на одбегнување. Имајте ја спремно Вашата облека за вежбање веднаш до креветот, така што по станувањето облечете се и почнете со вежбање. Сите останати утрински ритуали можат да се завршат по вежбањето.

6. Супер-сетови

Постојат „супер-сетови“ или компоненти сетови или едноставно вежбајте нонстоп. Минимизирајте ги или елиминирајте ги прекините и побргу ќе завршите.

7. Прекинете го зборувањето

Додека сте во вежбална,  разберете дека социјализирањето е воглавно губење време. Кратко „здраво“ е доволно, но времето потрошено во разговор за вчерашниот натпревар е подобро да се искористи за да се испотите и вежбате.

8. Возете велосипед

Доколку сепак треба да одите до работа и да се вратите, нема да Ви одземе многу време тоа да го сторите со велосипед. Така ќе заштедите на гориво, паркинг и ментално страдање.

9. Чести активности во текот на денот

Продолженото лежење во кревет е лошо. Имајте си константен потсетник за да станете и правите нешто. Доволно е обично растегнување или неколку претрчувања по скалите за да бидете во спортски режим.

Иако сите овие совети можат да Ви помогнат да го насочите вежбањето, сфатете дека за да останете во форма потребно е посветеност кон тоа. Прекинете да наоѓате оправдувања.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.