← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Енергетски и хранливи вредности во морковот

Морковите се состојат од 89% јаглени хидрати, 6% белковини и 5% масти. Соодветно на тоа, јаглехидратите се главните носители на енергетската вредност, која изнесува 41 kcal / 171 kJ на 100г. свежи моркови.

Морковите ги задоволуваат дури 308%  од дневните потреби за витамин А. Овој зеленчук е исто така, е и одличен извор на витамин К (21%.), Диететски влакна и калиум. Не треба да заборавиме дека ги содржи и  витамините – тиамин, ниацин, витамин Б6, витамин Ц, фолна киселина и минералот манган.

 

Каротинот му дава на морковот карактеристика портокалова боја. Некои нутриционисти сметаат дека нутриентите од морковот може да бидат подобри, ако  се готви. Како и да е, морковите имаат многу мала количина на заситени масти и холестерол.

Морковите се богати со антиоксиданси – каротеноиди, кои помагаат во заштитата против кардиоваскуларните заболувања, канцер, го регулираат шеќерот во крвта и помагаат за да се подобри видот. Најпознатиот каротеноид (жолта или портокалова боја) е бета – каротен, што нашиот организам го претвора во витамин А

 

Морковот го поттикнува физичкиот развој кај децата, ги зајакнува коските и ја зголемува отпорност на инфекции. Тоа го зголемува бројот на црвени крвни зрнца, ја потиснува анемијата и има благотворно влијание врз функцијата на црниот дроб.

 

Поради сето ова, Морковите се неизбежни за нашето здравје, и секако одлично се покажаа во  Спортската исхрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?